6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаЈакимовски: Постојано ми се закануваат со затвор, а ние сме чисти како...

Јакимовски: Постојано ми се закануваат со затвор, а ние сме чисти како солза!

Откако денеска се одложи судското рочиште против градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, на прашање на новинарите одговори:

-Секогаш сме се јавувале на сите рочишта и секогаш сме биле присутни. И на сите рочишта ќе присуствувам. Прво е срамота ова што го гледам пред мене. Очиглено оркестрирано сте дошле сите како медиуми, јас ги почитувам медиумите. Јас сум по овие врати две години, а медиум досега не видов. Победата некому тешко му паѓа и мислам дека е лошо за сите и за тие што се на власт и за тие во опозиција. Не е добро, заканите од 2013 година дека ќе лежам во затвор некој се обидуваше да ги спроведе сиве овие години. Поштено и чесно сме работеле и јас и моите вработени, чисти сме како солза и тоа ќе го докажеме, рече Јакимовски.

Денешното рочиште се одложи бидејќи адвокатот на Јакимовски бил во контакт со заразени од Ковид-19.

На Јакимовски му се суди за кривично дело од времето кога беше градоначалник, односно за незаконска легализација на објекти, меѓу кои и за просторот кај поранешниот ресторан „Имес“, и градењето на административната зграда на Општина Карпош.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...