10.6 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаЗабаваМинистерот ја налути цела нација откако во Лондон потрошил 1700 евра за...

Министерот ја налути цела нација откако во Лондон потрошил 1700 евра за бифтек покриен со злато

Министерот за јавна безбедност на Виетнам, То Лам, го навлече гневот на јавноста откако на интернет се појави видео од него како ужива во друштво на уште неколку мажи во ресторанот на познатиот турски месар и готвач Нусрет Гокче познат и како Салт Бае во Лондон.

То и неговите пријатели порачале позлатен бифтек кој чинел 1700 евра. Бае го исече месото и му даде на министерот да проба. Снимката брзо беше избришана од мрежата Тик-ток, но не пред да се рашири низ цел Виетнам.

Граѓаните велат дека се гневни затоа што тој потрошил толку пари за вакво задоволство, додека тие заработуваат по 150 евра месечно. Тие прашуваат од каде министерот има толку пари за ваква гозба и дека луксузните оброци за време на самитот на климата се крајно непримерни.

За потсетување, Нусрет се прослави на социјалните мрежи со неговиот посебен начин на сечење и зачинување на месото, а за таквото задоволство, муштериите му плаќаат и по неколку илјади евра. Неговиот ресторан „Куќата на бифтекот на Нуср-Ет“, е место кое е познато по тоа што во него често одат голем број познати личности како Дејвид Бекам, Вејн Руни и Леонардо ди Каприо.Бае стана популарен во 2017 година. Тој откако ќе го исече бифтекот, го посолува со виткање на лактот. Овој потег му донесе слава и милиони, па сега се повеќе светски градови сакаат да ги имаат неговите ресторани. Во моментов има 17 ресторани, а неодамна отвори еден и во Лондон.

Цените во Британија се изненадувачко високи велат тамошните жители. Еден корисник објави и сметка на која се гледа дека вечерата го чинела 1812 фунти. Некои велат дека бакшишите во овој ресторан достигнуваат и до 236 фунти.

Гокче рече дека по Лондон, тој ќе се фокусира на новиот ресторан во Ријада.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...

19-годишник и малолетник завршиjа во полиција – Го прекршиле изборниот молк !!

Две лица од тетовско со лепење плакати за кандидат за претседател го прекршиле изборниот молк. Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово во 01.05...