7.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаГоран од Скопје од очај ги дал органите под хипотека, за да...

Горан од Скопје од очај ги дал органите под хипотека, за да може да изгради скромен дом

spot_imgspot_img

Се смета дека вниманието е клучна карактеристика кон децата при раст и развој. Токму таа спротивност ќе го одбележи животот на педесет годишниот Горан Сурловски од Скопје, кој е роден како здраво, ведро и супер активно бебе. Како десетмесечно бебе, ќе падне од голема висина и повеќе ништо нема да биде исто како порано.Тој вели: „Штом ќе се наруши здравјето на еден член од семејството, повеќе ништо не е како порано“. Како резултат на повредата, Горан подоцна добива и мускулна дистрофија, но, желбата да успее, желбата да напредува и да се докажува, ќе направат тој да учи и да се образува рамо до рамо со здравите деца. Тој завршува средно и високо образование и работи во неколку успешни фирми.

Пред неколку години, за жал морал да помине уште едно сурово премрежие. Да се бори со најлошата болест на денешницата, што дополнително ја влошува и усложнува неговата ситуација.

Горан никогаш нема да ги заборави траумите од детството. Печат врз неговиот развој, ќе остави фактот што тој го видел неверството на татка си со неговата стрина. И, најтешко му било затоа што никој не му верувал, бидејќи бил дете. Подоцна неговиот татко го напушта семејството и врши семејно насилство врз Горан. Горан вели: „Татко ми толку ме мразеше дека сум инвалид, што сакаше да ме убие“.

Пред повеќе од една деценија му се растура семејството. Сите застануваат против него. Од сложно семејство, поради имотот, тој од своите најблиски добива крвни непријатели. Тој како и секој човек сака да оформи семејство, но, ова сите ги погодува, па сите се вртат против него.

Ова е причината поради која Горан, посака да го стави своето срце на дланка, затоа што вели: „Копнеам еден ден и мене некој да ми рече тато“.

И, покрај секојдневните малтретирања, Горан успева да остане присебен и да се бори за своите цели и идеали. Тој сака да формира семејство и да живее мирен живот со неговата избраничка. Со оглед на тоа дека со сопствената мајка е на суд поради куќата, тој за да го зачува мирот, сака да ја адаптира гаражата како место за живеење, но со социјалната помош која му е доволна, како што вели само за преживување, не е во состојба сам да го направи тоа.

„За мала сума на пари можам, да си го средам животот и да ги реализирам целите. Но, ми треба помош од народот“.-споделува Горан.

„Најблиските ме навредуваат, ме понижуваат. Сè ми е нарушено и закочено. Се чувствувам заборавено. Ме боли душата. Осамен сум. Не можам да спијам навечер од болка во срцето. Не ми е јасно-додава Горан, како може тој што те создал, да ти посакува смрт?!“

„До таа мера сум разочаран, што не ги препознавам оние со кои некогаш сум бил семејство“, раскажува Горан.

Поради таа огорченост, но и желбата да создаде сам нешто свое, тој отишол на нотар и потпишал изјава за постхумно донирање на органите. Заложувајќи ги деловите од телото, сака да си ги реализира своите желби, додека е жив. Тој се надева дека државата ќе изнајде решение и ќе му помогне да изгради дом од гаражата.

На Горан му е потребна помош. Тој верува во добрината на луѓето и одговорноста на институциите, дека ќе се собере таа мала сума пари и ќе може на раат да се всели во гаражата која ќе биде негов дворец. Тоа е неговиот сон за нов и поубав живот, без проблеми.

Доколку сакате да помогнете на Горан Сурловски тоа може да го сторите на телефонскиот број 077/818250

Автор

Оливера Петрушевска
Prikazna.mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...