11.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаСо буќет цвеќе, Шилегов и ја предаде должноста на Данела Арсовска

Со буќет цвеќе, Шилегов и ја предаде должноста на Данела Арсовска

spot_imgspot_img

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска денеска и официјално ја презеде улогата градоначалник на Скопје. На примопредавањето на функцијата, нејзиниотпретходник Шилегов ја пречека со буќет цвеќе во просториите на Град Скопје.

– Јас очекувам дека бргу ќе се запознае со проблематиката во градот која е комплексна во многу сфери, меѓутоа екипата што остана овде е сериозно професионална и очекувам дека ќе и помогнат да има успешна работа, рече Шилегов.

Од тимот на Арсовска најавија дека во следните денови новата градоначалничка на Скопје ќе и се обрати на јавноста преку новинарите.

Шилегов, во својство на член на СДМС, ги коментираше и последните политички случување со мнозинството во Собранието, при што рече дека она што се случувше во текот на викендот повеќе било замајување на јавноста, забава на јавноста и обид да се остане некако во политичка игра. Во текот на неделата како што посочи Шилегов, ќе се одржи седница на Извршниот одбор на партијата на која многу од работите ќе бидат разрешени.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Врховен одлучи: Таткото на убиената Вања оди во домашен притвор

Врховниот суд на Република Северна Македонија ја уважи жалбата на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, ја укина определената мерка притвор и за обвинетиот определи...

Стојанче: Овојпат ДУИ мора да падне, со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме

По вчерашниот пораз на СДСМ утрово се огласи и Стојанче Ангелов. СЕГА ИЛИ НИКОГАШ! Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ...

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...