1.9 C
Ohrid
недела, декември 10, 2023
ПочетнаМакедонијаРеџепи во полициската станица Бит-пазар: На гости бевме кај едно пријателче, затоа...

Реџепи во полициската станица Бит-пазар: На гости бевме кај едно пријателче, затоа и ме немаше !!!

Пратеникот од БЕСА Кастриот Реџепи денеска своеволно допшол во полициска станица, каде дал изјава дека никогаш не бил исчезнат, туку самоволно, без никаков притисок, со своето семејство заминал кај пријател за да се заштити од публицитет поврзано со собраниската седница, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

– Во врска со вчера добиената пријава во ПС Бит Пазар за К. Р. , МВР ве известува дека пред малку К.Р. своеволно дојде во полициска станица и даде изјава дека пријавата е невистинита односно никогаш не бил исчезнат туку самоволно, без никаков притисок, со своето семејство заминал кај пријател за да се заштити од публицитет поврзано со собраниската седница, се вели во соопштението од МВР.

Лидерот на БЕСА Биљал Касами, вчера информираше дека пријавил во полиција оти „пратеник на движењето БЕСА е исчезнат“ и ги повика властите да го најдат каде е и да објаснат зошто 24 часа не е достапен.

Кастриот Реџепи вчера не присуствуваше на собраниската седница за гласање доверба на Владата. Пo шпекулациите за негово наводно исчезнување и киднапирање, Реџепи се огласи до јавноста преку својот Фејсбук профил и најави дека во понеделник ќе се појави пред новинарите за да разјасни што се случило со неговото вчерашно непојавување во Собранието каде требаше да се гласа за доверба на Владата.

Тој ја повика неговата партија, Движењето БЕСА, да не презема избрзани чекори кои ќе им нанесат штета на партиските структури и активисти.

Во врска со вчера (11.11.2021) добиената пријава во ПС Бит Пазар за К.Р., МВР известува дека К.Р. своеволно пристигнал во полициска станица и дал изјава дека пријавата е невистинита.

Пратеникот Кастриот Реџепи истакнал никогаш не бил исчезнат туку самоволно, без никаков притисок, со своето семејство заминал кај пријател за да се заштити од публицитет поврзано со собраниската седница.

Почитувани пријатели и членови на семејството, без оглед на вашите политички убедувања, Ви благодарам за грижата и поддршката што ми ја давате, претходно во текот на денот напиша на својот фејсбук профил, пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи.

– Во наредните денови ќе имате можност да дознаете подиректно за се. Што се однесува до медиумите и големиот интерес што го разбирам, ги информирам дека моето прво појавување ќе биде во понеделник преку прес конференција, додаде Реџепи.

Тој апелира до раководството на Движењето Беса да не презема избрзани чекори кои би им наштетиле на партиските структури и активистите.

– Емоциите треба да се остават настрана, а постапките да се прават разумно, заклучи Реџепи

spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вмро Дпмне веднаш го разреши претседателот на месниот комитет во Охридско, откако истит бил фатен од страна на полициските службеници како конзумира дрога.

Лицето А.Т по пријавата од МВР за поседување на наркотични средства е веднаш разрешен од местото претседател на месниот комитет во Охридско соопштуваат од...

ЗАГИНА ЛОВЏИЈА ВО КИЧЕВСКО, по грешка застрелан со два истрели

Ловџија од кичевско денеска го загуби животот на лов, откако денеска околу 15 часот бил застрелан од друг ловџија во селото Бигор Доленци, дознава...

Перо Антиќ активно учествува во предизборната кампања на Вучиќ

Перо Антиќ веќе некое време објавува фотографии и видеа на неговите профили од политичкиот ангажман Во Србија идната недела ќе се одржат избори, а во...

Истиот лек во Германија е 310, а во Македонија 970 денари!

Ова е лекот Ко Росвера од 20 мг и 10 мг. Го препишуваат главно кардиолозите, а служи за одржување на ниско ниво на холестеротот...