11.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаЗдравје и убавинаД-р Петличковски: Трета доза е засилување на имунитетот -Ги оправдувам рестриктивните мерки...

Д-р Петличковски: Трета доза е засилување на имунитетот -Ги оправдувам рестриктивните мерки заради големата стапка на смртност

Директорот на Институтот за имунoбиологија, Александар Петлчковски, во интервју за „Радио Слободна Европа“, вели дека сè уште не се знае колку долг ќе биде периодот на заштита од третата доза, или т.н. „бустер“ доза против Ковид-19.

„Третата вакцинална доза прави едно освежување, засилување на имунитетот, создавање на нови антитела, поттикнување на памтечките клетки кои ја запаметиле првата средба со вирусниот антиген и подигнување на нивото на имунитет, односно враќање кон тие 90-тина проценти ефикасност на вакцините, која ќе трае шест или повеќе месеци, иако во моментов сè уште не знаеме“ изјави Петличковски .

„Јас ги оправдувам рестриктивните мерки коишто ќе ја зголемат стапката на вакцинација, бидејќи според сите научни докази вакцинацијата е најјасниот излез од кризата“, додаде доктор Петличковски.

Тој исто така посочил и дека опуштањето имало влијание врз зголемување на бројките, а уште повеќе имаат влијание условите надвор во зимските услови која повеќе време поминуваме на затворено:

Но да, имавме значително опуштање, бидејќи кон крајот на летото имавме одлична ситуација. Исто така и вакцинацијата не ја завршивме така како што би требало да ја завршиме, така што оставен е голем простор на вирусот и тој тоа го користи овие денови, вели Петличковски..

Според д-р Петличковски, големата стапка на смртност од Ковид-19 во Македонија се должи на повеќе фактори, меѓу кои и тоа што Македонија не е развиена европска земја.

„Имаме проблем дефинитивно. Смртноста ни е висока споредено со смртноста во развиените земји, ама ние не сме развиена европска земја и имаме недоволно развиен здравствен систем. Сигурно дека коморбидитетите влијаат на зголемување на смртноста. Имаме и дополнителен проблем со неприфаќањето на болеста и нејавувањето навреме. И тоа е сигурно, но имаме и лоши услови во здравствениот систем, немаме ни доволно капацитети и сите елементи комбинирани придонесуваат за оваа висока смртност, која е слична во регионот. Со развојот на државата и здравствениот систем, ќе се подобруваат условите и ќе се намалува смртноста, но во моментот не сме таму, вели тој.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...