14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаВалентина: Ги молев на социјалните служби само да не ми ги земат...

Валентина: Ги молев на социјалните служби само да не ми ги земат децата, а газдата каде што живееме под кирија не исфрли на улица !!!

Валентина и Миодраг Станојевски пред пет години ги поврзува љубовта и желбата за заеднички живот и семејство. Никогаш не помислиле дека ќе дојдат во состојба, да побараат помош преку ставање на своето срце на дланка.

Валентина потекнува од Куманово, а Мики од Ерџелија, Св. Николе. На почетокот живееле во домот на родителите на Мики. Таму им се раѓаат две деца, момче и девојче. Многу луѓе, деца, девер, јатрва, внуци, две соби и јазот меѓу генерации ќе го принудат ова младо семејство да најде пат да се осами и да започне помирен живот. Но, нема да биде толку едноставно. Мики иако има само триесетина години, од многуте нервози и стресови добива хронични болести и проблеми со срцето. Тие проблеми проследени со веќе постоечката астма, ќе го спречат како глава на семејството да заработува за леб и да ги прехранува жената и децата. Некое време живеат кај роднини во Карманци, но, бидејќи и таму било тесно, морале да бараат излез, па одат под кирија.

Лани, во еден студен зимски ден, газдата каде што седеле под кирија, ги исфрлил на улица. Мики, Валентина и двете деца, сами без никој свој, не знаеле што понатаму. Во животот на ова младо семејство, се појавува Никола, кој веднаш презема што е во негова моќ, само малите дечиња да не премрзнат и да можат нешто да јадат, за да не се разболат. Тој ургентно им наоѓа куќа во с. Пеширово, каде самиот ја плаќа киријата и сметките. Секој ден им обезбедува млеко и оброк на децата и возрасните. Но, секоја планина има своја тежина, па, тој мора да бара долгорочно решение, зашто и од куќата која е пред распаѓање може во кој било момент да биде исфрлено ова напатено семејство.

Поради слабата исхрана децата на Валентина, се многу слаби и без имунитет, па, често завршуваат во болница. Тоа се случи и лани, кога социјалните служби и се заканиле дека поради лошите услови и можности, децата ќе и бидат одземени. Валентина низ солзи одговорила: „Ако ми ги одземете децата, мене не ми треба живот“.

Многу е тешко секој ден да се молите по комшии за литар млеко, и да ги успивате гладни децата. Им давам шеќер и вода за да ги залажам, а, некогаш и празно шише. Им велам спијте сега утре тато и мама ќе купат. Но, и сами веќе претчувствуваат дека не ја зборувам вистината. Од кога се родени, како мајка едни чорапчиња им немам купено-додава таа. Носам само стара и донирана облека-додава таа.

И машките солзи печат, посебно кога столбот во куќата чувствува дека не може да обезбеди храна за најмилите. Мики вели: „Децата ми бараат, а, јас немам. Тоа е поголема болка во срцето, од болеста што ја имам. До лани се снаоѓав, одев по дрва, обезбедував храна. Сега од стресови добивам задушување, имам астма, ме стега срцето и не можам ни две дрва од шума да донесам. Сум бил принуден и алишта на децата да горам, само да се затоплат.“

Семејството на Валентина живее со шест илјади денари. Тоа ја принудува во месецот само еднаш да готви. Немаат никаков излез, зашто Мики е болен и со лекови секојдневно се одржува во живот, а таа, не може да ги остави децата зашто децата се мали и нема кој да ги чува. Градинка во селото нема.

„Не спијам по цели ноќи-вели Валентина. Мислам на децата. Мислам дали некогаш и моите деца ќе имаат свој кров над глава и дали и утре нема да заспијат гладни.“ Малиот Матеј вели: сакам лепче, но, мама и тато немаат пари да ни купат.

Ова скромно семејство не бара многу, само сигурен кров над глава и храна за своите деца. Ова се основни услови, кои секој ги заслужува.

Доколку сакате да помогнете на ова семејство тоа можете да го направите на телефонскиот број 076 835 182 или на жиро сметката 300087029280990

Автор

Оливера Петрушевска- Приказна.Мк

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...