7.9 C
Ohrid
четврток, декември 7, 2023
ПочетнаМакедонијаОд утре нема влез ни во отворени објекти во Македонија без сертификат...

Од утре нема влез ни во отворени објекти во Македонија без сертификат за две примени вакцини!

Граѓаните од утре ќе може да посетуваат објеkти од затворен и отворен тип само со сертификат за целосна имунизација (примени две вакцини) или со потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена. Ваквата одлука беше донесена од страна на Владата на седницата одржана на 26 октомври.

– Се дозволува влез во секаков вид на објекти од отворен и затворен тип, угостителсkите објекти (кафетерии, ресторани, барови, ноќни клубови-дискотеки), во угостителскиот објект/дел за исхрана во угостителските објекти за сместување (хотел, мотел, хостел, пансион и друг објект за сместување), на бензинските станици, во казината и обложувалниците, во други објекти кои во склоп на истиот даваат угостителски услуги, во угостителските објекти кои се регистрирани за прослави (веселби, свадби, родендени, крштевки и слично), како и се дозволува влез каде што се одржува настан од секаков друг вид (концерти, семинари, обуки, курсеви, состаноци, работилници, конференции, културни или спортски настани), на посетители / гости / лица, со поседување и приложување од 15 ноември на сертификат за примени две дози на вакцина против заразната болест КОВИД-19 или сертифиkат/потврда за прележан Ковид 19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, стои во одлуката на Владата.

-Рестриктивните мерки повеќе даваат резултат, а тие значат забрана за посета на затворени простории, задолжително тестирање на трошок на оној кој не се вакцинирал, лекување во случај на заболување на трошок на тој кој не се вакцинирал. Јас ги оправдувам сите вакви мерки, коишто ќе ја зголемат стапката на вакцинација, бидејќи според сите научни докази вакцинацијата е најјасниот излез од кризата, вели доктор Александар Петличковски од Институтот за имунобиологија за РСЕ.

spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мајката на Вања: Не можам да разберам, се ми е нереално – Со сопругот бевме 5 години разделени, но бевме во добри односи.

Зорица Ѓорчевска, мајката на Вања Ѓорчевска (14) која беше убиена кај скопското село Бразда за српска „Република“ изјавува дека важно и е само да...

Групата на Палевски имала списоци за изнуди, киднапирања и ликвидации, тврди Ременски

Да се прошири истрагата за групата на Љупчо Палевски, зашто нивните дејства се еднакви на тероризам и истите имаат криминално минато за кое требало...

Курти бара најстроги казни за убијците на Вања

Косовскиот премиер Албин Курти смета дека на сторителите на киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска во Македонија и нарачаното убиство на 30-годишната Лиридона...

Македонските иселеници во Турција никогаш не ги заборавија своите македонски корени

Според Мустафа Кемал Узункаја, здружението на македонските иселеници ЕГЕ во изминативе години има преземено повеќе активности што се насочени кон зачувување на нивните македонски...