5 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаОптимизмот завладеа, можно ли е Бугарија да го тргне ветото откако ќе...

Оптимизмот завладеа, можно ли е Бугарија да го тргне ветото откако ќе се формира новата влада?!

Третото изјаснување на граѓаните на Бугарија во последната година донесе оптимистичко расположение дека ќе се промени ставот на источниот сосед кон Македонија и македонските евроинтеграции. Кандидатот за премиер на Бугарија, Кирил Петков, чија партија „Продолжуваме со промените“ според првичните резултати води, најави можен нов пристап се решавање на бугарско-македонскиот спор. Оваа порака, во македонската експертска јавност беше толкувана како охрабрувачка, но се поставува дилемата, дали може да се промени нешто за само еден месец, во пресрет на Самитот на 14 декември.За дел од познавачите, шансите не се непостоечки, но се многу мали.

Треба да имаме предвид дека Владата во Бугарија ќе биде формирана од повеќе партии, меѓу кои ќе има партии кои немаат многу умерен став во однос на Македонија, оттаму сметам дека треба да бидеме попретпазливи во очекувањата за прва меѓувладина конференција. Шансите не се непостоечки, но сепак се многу мали. Оттаму треба да бидеме попретпазливи, да не се доведеме во ситуација како претходните години – вели за Алфа, поранешниот амбасадор професор Васко Наумовски.

Првиот дипломат Бујар Османи и после изборите е умерен оптимист. Во очекување на клучните состаноци на ЕУ, очекува да бидат интензивирани контактите меѓу двете земји, за да се создадат услови за изнаоѓање решение. По средбата со својот бугарски колега Светлан Стоев во Брисел, истакна дека уште еднаш ја потврдиле решеноста за подобрување на билатералните односи.

До одржувањето на клучните состаноци на ЕУ во декември, нашите очекувања се да бидат интензивирани контактите преку постојните форми на одржување на состаноци, се со цел да се изнајдат најдобри решенија во интерес на постигнувањето на наредните исчекори во процесот на интеграција кон Европската унија – информираше Бујар Османи.

Но оптимизмот кој владее на политичката сцена, не му се попаѓа на актуелниот претседател на Бугарија, Румен Радев кој уште еднаш испрати порака дека нема да го менува тврдокорниот став во однос на блокадата за Македонија на патот кон европското семејство. Според него, клучот, е Македонија да прекинела со уништување и фалсификување на илјадагодишното бугарско културно и историско наследство, а новата влада и новиот парламент нема никако да влијаат на македонската евро-перспектива.

Инаку, Бугарија ја очекува втор круг претседателски избори каде Румен Радев влегува со огромна предност во однос на противкандидатот Анастас Герџиков.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...