14.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаСветАмериканско истражување: Лековите против ковид не се замена за вакцина

Американско истражување: Лековите против ковид не се замена за вакцина

Антивирусни апчиња што ги развиваат Merck & Co и Pfizer Inc/BioNTech SE се покажаа како успешни во ублажувањето на најлошите ефекти од COVID-19 доколку се земаат доволно рано, но лекарите забележуваат дека спречувањето на болеста со вакцинација е подобро решение од терапија со апчиња.

Според истражувањето на Kaiser Family Foundation, 72 отсто од возрасните Американци ја примиле првата доза од вакцината против коронавирус. Сепак, темпото на вакцинација е забавено, додека ставовите на Американците за безбедноста на вакцините против болеста во голема мера зависат од нивната партиска пристрасност.

Задолжителните вакцини воведени од некои приватни компании, како и федералните држави и администрацијата на претседателот Џо Бајден, се заслужни за зголемувањето на опфатот со вакцинација на населението, но тоа исто така предизвика дискусии за ставовите за вакцинацијата.

Некои експерти за заразни болести стравуваат дека пристигнувањето на апчиња против COVID-19 би можело дополнително да ја попречи кампањата за вакцинација. Прелиминарните резултати од истражувањето на 3.000 граѓани на САД, спроведено од Универзитетот во Њујорк, откриваат дека достапноста на апчиња може да ги одврати луѓето да се вакцинираат, рече Скот Рацан, раководител на истражување на споменатиот универзитет.

Рацан додава дека секој осми испитаник избира терапија со апчиња наместо вакцинација, што според него е висок процент.

Неговата загриженост е поврзана со податоците објавени од Pfizer, според кои експерименталните антивирусни таблети паксловид го намалуваат ризикот од хоспитализација и смрт за 89 отсто кај возрасните со висок ризик.

Резултатите на Pfizer дојдоа откако Merck и Ridgeback Biotherapeutics објавија на 1 октомври дека нивниот лек, молнупиравир, го намалува ризикот од хоспитализација и смрт за 50 проценти. Лекот доби условно одобрение во Обединетото Кралство минатата недела. Двата лека, паксловид и молнупиравир, допрва треба да бидат одобрени од американските здравствени регулатори, но би можело да се најдат на пазарот веќе следниот месец.

„Ако се потпираме само на антивирусни лекови, тогаш се коцкаме со сопственото здравје“, вели Питер Хотез, професор по молекуларна вирологија на Универзитетот Бејлор.

Шест експерти за заразни болести интервјуирани од Reuters изразија задоволство од позитивните резултати на новите лекови против COVID-19, но исто така предупредија дека лековите во никој случај не се замена за вакцината.

Целиот текст тука.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Како за Бајрам така и Велигден- Бесплатно шишање за сите деца од Православна вероисповед

Како за Бајрам така и Велигден. Почитувани мои Охриѓани, се ближит големиот Православен празник-Велидген. Одлучивме заедно со Берберот Емин Алим од "Barber shop Shogun"на 28.04.2024 (Недела)во...

Уапсен Охриѓанец- Го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид. По целосно документирање на настанот, против него...

Пецаков: Денес му оддаваме достојна почит на охридскиот револуционер Христо Узунов, кој со својата голема храброст остави неизбришлив печат во македонската историја

Денес му оддаваме достојна почит на охридскиот револуционер Христо Узунов, кој со својата голема храброст остави неизбришлив печат во македонската историја и беше еден...

На гласачко место во Скопје пронајдена испукана димна бомба !!!

Министерството за внатрешни работи досега нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без...