9.6 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаЗабаваРЕК Битола со најнова техника- Јапонците од „Митцубиши“ пречекани со видео рекордер,...

РЕК Битола со најнова техника- Јапонците од „Митцубиши“ пречекани со видео рекордер, продолжен кабел и Сони телевизор

Со видео рекордер и продолжен кабел пречекани Јапонците од „Митцубиши“
Јапонците од гигантот „Митцубиши“, кои го посетија РЕК Битола во намера да градат гасна централа за производство на струја, имаа и што да видат. Како што се гледа на фотографијата, јапонската технологија одамна е во примена во битолскиот комбинат, како на пример телевизорот со ЦРП екран од златните времиња на РЕК, веројатно од социјализмот, кога се купуваше квалитетно, зашто Сони е светска марка. Зад Јапонецот од „Митцубиши“, а под телевизорот, е и квалитетен видео – рекордер кој работи со ВХС касети. Уште еден доказ дека јапонските аларати се долговечни тука, но и дека штедливо се работи во Македонија.
А, за да се знае дека тука се произведува струја, на масата стои и продолжен кабел, па Јапонците веројатно можеле бесплатно да си ги наполнат мобилните телефони.
Членовите на делегацијата од јапонскиот гигант потоа излегоа од убавата канцеларија и прошетаа обезбедени со шлемови за да направат увид во состојбите во РЕК Битола. Според фотографијата подолу, очите на Јапонците (бидејќи устите им се покриени со маски) откриваат дека се изненадени од тоа што го гледаат. Да можевме да читаме од очи како што се чита од уста, веројатно ќе заклучевме дека се пријатно изненадени и дека се оптимисти од можната соработка.

Повеќе во мкд.мк

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...