11.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаТолку беше од слободата: Русковска бара притвор за Миле Јанакиески, постоело опасност...

Толку беше од слободата: Русковска бара притвор за Миле Јанакиески, постоело опасност од бегство, а имал и пресуда како организатор на 27-ми април

Нова неизвесност со притворот на екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Еден му е укинат, но има најава за нов. Телма дознава, а од Обвинителството за организиран криминал и корупција потврдија дека по добивањето на решението дека му е укинат притворот за предметот ТНТ, ќе бараат нов за случајот Организатори на крвавиот четврток. Обивнителката Вилма Русковска во телефонски разговор вели дека не се известени за одлуката на Апелација, но дека сега ќе мора да интервенира со ново барање за притвор поради опасност од бегство. Токму денеска, вели Русковска, е поднесена и жалбата на пресудата за настаните од „27- ми април“ во Собранието со која се бара повисоки казни за обвинетите меѓу кои е и Миле Јанакиески. Со неа тој е осуден на 6 години и три месеци затвор за Терористичко загрозување на уставниот поредок.

Инаку, за екс министерот Јанакиески, после три години, скопскиот Апелационен суд одлучи дека мерката куќен притвор треба да ја замени со мерки за претпазливост и тоа забрана за напуштање на државата и Скопје, обвинетиот да се јавува во суд и му даде забрана за издавање на нов пасош.

Во соопштението кое не го објави судот кој ја донел одлуката, туку кривичниот, се вели дека жалбата е уважена. Апелација одлучувала по жалби на адвокатите за предметите каде Јанакиески е обвинет и тоа ТНТ, Титаник, Талир, Шпански скали, Траекторија и Топлик иако мерката притвор му беше изречена за ТНТ.

Неговиот адвокат за Телма вели дека решението не го видел и не знае зошто апелација овој пат се премислила после одбиени 7 жалби кои ги поднеле. Вели дека пасошот на Јанакиески е во судот па се чуди зошто Апелација наложила да му биде одземен.

Инаку Јанакиески пак има правосилна затворска казна од 6 месеци и 3 години како организатор на инцидентите во Собранието од 27 ми април. При изрекувањето на оваа пресуда, не можеше да се изрече и мерка притвор како на останатите осудени Трајко Вељановски, Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски и покрај тоа што обвинителстовто сметаше дека има опасност од бегство но за Јанакиевски притвор веќе имаше. Тие се уште се во домашен притвор бидејќи кривичниот суд процени дека после пресудата може да избегаат.

Утре продолжува судењето против Јанакиески за ТНТ кое е во завршна фаза.

Билјана Николовска

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Осудените за „27 април“ кон Русковска: Доаѓа денот, тек допрва ќе си одговараш за својата работа.

Дел од осудените за „27 април“ јавно ѝ порачаа на обвинителката Вилма Русковска дека доаѓа денот, алудирајќи на денот кога ќе одговара за својата...

Марко Новески стана татко на близнаци: „Ти благодарам Цена што ми го оствари најголемиот сон“

„Добредојдовте Вања и Веда“ – напиша водителот Марко Новески до фотографијата од новородените близначиња кои ги доби со својата сопруга. Во август 2021, Марко Новески,...

Болничарот од Токсикологија пред камера призна дека барал урина со наркотици да се замени со чиста

Eкономската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази не сакала да вработи персонал неопходен да функционира токсиколошката лабораторија, ако во истиот „пакет“ не влезат...

Пазарната инспекција ќе контролира кој ќе работи на изборните неработни денови

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавачи дека согласно Заклучокот на Техничката Влада на Република Северна Македонија донесен на шеснаесеттата седница одржана на...