10 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаИ Радев и Герџиков децидни- Бугарија не може да каже "ДА" за...

И Радев и Герџиков децидни- Бугарија не може да каже “ДА” за Македонија за влез во ЕУ -додека не подлегнат на бугарските барања

Актуелниот претседател на Бугарија и кандидат за втор мандат Румен Радев и независниот кандидат поддржан од ГЕРБ-СДС Анастас Герџиков, на дебата на БНТ во пресрет на вториот изборен круг, искажаа слични позиции за темата Македонија, јави дописникот на МИА од Софија.

Според Герџиков, потребен е поинаков пристап во односите меѓу двете земји, но не од страна на Бугарија, туку од страна на Македонија. Бугарија, вели Герџиков, сака да се почитува Договорот за добрососедство, што значи почитување на правата на Бугарите во Македонија, запирање на говорот на омраза, да се подобри транспортната поврзаност. Според него, Бугарија го направила патот до границата со Македонија, но од другата страна немало ништо и покрај европското финансирање.

Претседателот Румен Радев кажа дека Бугарија не може да каже „да“ за Македонија за членство во ЕУ пред, како што наведе, да запре кршењето на човековите права на Бугарите во земјата и систематската дебугаризација што се води со децении, како и уништувањето и фалисфикувањето на бугарското културно и историско наследство, и пред да се искорени говорот на омраза во учебниците и натписите на музеите и институциите, во државните медиуми и МАНУ.

Според Радев, ЕК и Европскиот совет не се согласуваат да станат гаранти на преговарачката рамка и на поглавјето 35, на што инсистира Бугарија.

„Во моментов вратата за преговори за С. Македонија останува затворена“, дециден е Радев.

На прашањето на новинарката на БНТ што ја водеше дебатата дали треба да има референдум за Македонија, двајцата одговорија дека тоа не е потребно бидејќи имало општествен консензус на таа тема.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...