19.9 C
Ohrid
понеделник, септември 9, 2024
ПочетнаЗабаваСвекрва и снаа во Прилеп ја натерале сосила комшивката да им го...

Свекрва и снаа во Прилеп ја натерале сосила комшивката да им го исчисти домот

Снаа и свекрва од Прилеп ја поканиле комшивката на муабет и на кафе. Додека едната варела кафе а другата ги спремала слатките за на маса ја виделе комшивката како со прстот им поминува на масата и гледа дали има прашина. Кога виделе двете толку се налутиле што ја заклучиле вратата и ја натерале комшивката да брише прашина против нејзина волја. Комшивката се обидела да избега, но безуспешно.

За нашата хумористична рубрика „Зошто пак да не?!“ комшивката изјави дека на секое нејзино негодување и било давано уште повеќе работа. После бришењето прашина следувало метење и тоа со обична метла а не со правосмукалка, со образложение дека струјата два пати е поскапена. Исто така и биле дадени и гаќите од свекорот да ги пере на раце и тоа со ладна вода. За овој немил настан е известена полицијата. Во текот на денот ќе ги прочитаме и официјалните детали од МВР.

Рубриката „Зошто пак да не?!“ е со измислена хумористична содржина и има за цел да ги насмее читателите. Сличноста со реални ликови е случајна.
Темите

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сефиданис го промовираше „Алшар”, првиот робот диџеј направен во Охрид.

Сефиданис го промовираше „Алшар”, првиот робот диџеј!!! По повод денот на независноста на Македонија, друштвото за истражување и развој Сефиданис, во клубот Ребел во Охрид...

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...