10.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаОд две ленти, стануваат три - видео од автопатот каде загинаа 45...

Од две ленти, стануваат три – видео од автопатот каде загинаа 45 лица

„Вака изгледаше делницата од автопатот Струма ден пред трагедијата. Ставете се на местото на возач на автобус: возите ноќе, по експресен пат со две ленти, една лента за итни случаи. Во еден момент, двете ленти стануваат три без никакви вертикални ознаки што укажуваат дека „третата лента“ има некоја друга цел. Како професионален и совесен возач одговорен за 50 судбини, „останувате“ на безбедната лента по која што возите со вашето возилото, на крајната десна лента. По кривината, сфаќате дека обележувањето ве изневерило, но веќе е доцна. Правите се што е во ваша моќ, но вашата судбина и на уште 50 невини луѓе е веќе предодредена. Корупцијата убива.“ стои во описот на видеото кое го објави корисник на Фејсбук.

Многу шофери веќе го изразија своето мислење дека самиот начин на кој што е изградено ова раздвојување на патот може да е причина за трагедијата, бидејќи знакот не е поставен на соодветно место, туку токму на местото каде што се дели патот.

Од видеото јасно се гледа дека патот има проширување на коловозот, што се користи како паркинг или место за одмор, одвоен со заштитна ограда околу 100-150 метри во должина. Токму во неа прво удрил автобусот, а потоа се одбил кон другата заштитна ограда.

Проблемот со оваа заштитна ограда е што не е доволно добро сигнализирана и нема осветлување. Има само знак дека има исклучување, како и за чешмата, претходно. Самата заштитна ограда е во закривен дел и се појавува одеднаш, што може да доведе до конфузија.

Според авторот на видеото, на местото воопшто нема вертикално обележување.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон моторите и автомобилите !!!

Познатиот неврохирург д-р Венко Филипче, раскажува за првата посета на операциона сала, како ученик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во „Неформално“ на Сител...

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...