13.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаГолема трагедија: Се преврте македонски автобус во Бугарија – загинаа 46 луѓе,...

Голема трагедија: Се преврте македонски автобус во Бугарија – загинаа 46 луѓе, меѓу кои 12 деца

Најмалку 45 патници и возачот загинеле во македонски автобус во Бугарија, јавуваат бугарските медиуми. Автобусот сообраќал од Истанбул кон Скопје. Несреќата ја преживеале седум луѓе.

Според првичните информации, тој се запалил и се превртел. Меѓу патниците имало 12 деца од кои двајца близнаци. Преживеале две жени и двајца мажи кои се пренесени во болницата „Пирогов“ во Софија..
Од бугарското Министерство за внатрешни работи, велат дека ова е една од причините зошто луѓето не можеле да се спасат.

Инцидентот се случил нешто по 2 часот по полноќ кај селото Боснек во делот на автопатот Струма меѓу Перник и Дупница, на 31 километар југозападно од Софија.

„Автобусот во Бугарија влегол од Турција. Жртвите се државјани на Северна Македонија. Меѓу нив има и 12 деца“, изјави за БТВ директорот на Генералниот директорат на Националната полиција Станимир Станев. Едната верзија е дека автобусот удрил во заштитната ограда. Не може со сигурност да се каже дали автобусот прво излетал, а потоа се запалил или најпрво се запалил па излетал, пренесува БТА.

Премиерот Заев и министрите Османи и Филипче заминаа за Бугарија пред половина час.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вознемерувачки фотографии од тешката сообраќајна незгода во Кичево во која животот го загубија три лица.

Шило Магазин дојде до ексклузивни фотографии од тешката сообраќајна незгода во која има тројца загинати и неколкумина повредени лица. МВР соопшти дека утрово во 4.50...

Страшна сообраќајка кај Кичево – тројца млади загинаа, неколкумина тешко повредени

Тројца загинати и неколкумина повредени лица е последица на страшната сообраќајна несзгод ашто се случила рано утрово во Кичево, информир аполицијата. МВР соопшти дека утрово...

Излажан Тетовчанец за 11.000 евра: Албанец му ветил дека ќе му отвори фирма во Дубаи, па останал и без пари и без фирма..

57-годишен жител на тетовско село, вчера во 14 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека 58-годишниот М.М. од Република Албанија во текот...

Зајкова: Легализацијата на употребата на канабис ќе донесе ред и економски придобивки за државата

ЛДП е првата партија што во својата програма има ставено дека се залага не само за декриминализација на канабис, туку и за легализација на...