16.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаОхридЕден од најубавите градови во Македонија ќе добие светски булевар !!!

Еден од најубавите градови во Македонија ќе добие светски булевар !!!

Во Охрид почнаа градежните активности за реконструкција и уредување на Булеварот „Македонски Просветители“ иако за да се направи сето ова неопходно е да се пресечат неколку стари дрјва кои ќе бидат заменети со нови.

Со проектот предвидено е да се изврши реконструкција на двете коловозни ленти кои меѓусебно ќе бидат одвоени со зелен појас. Предвидено е паркирањето на булеварот да биде косо под агол од 45 степени по една страна. Исто така со проектот е опфатена и изградба на велосипедска патека која ќе биде двонасочна и две пешачки патеки.

Се предвидува две одвоени коловозни ленти со тротоари од двете страни
велосипедскa патекa
нова атмосферска канaлизација
ново улично осветлување.
Возните ленти и такси паркингот ќе бидат изведени од гранитни камени коцки со димензии 10/10/10см, орабени со камени гранитни рабници.
Тротоарите ќе бидат изведени од гранитни камени плочи со димензии 33/33/3см
Велосипедската лента ќе биде со гранитни камени коцки со димензии 5/5/8см.
Во должина на улицата планирано е изведување на среден разделен цветен појас, а ќе биде подигнат и нов дрворед, од двете страни.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пукање пред кафеана во Охрид, приведени две лица!

На 29.03.2024 во 00.15 часот пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа К.Б.(67) и М.П.(37), двајцата од...

Вознемерувачки фотографии од тешката сообраќајна незгода во Кичево во која животот го загубија три лица.

Шило Магазин дојде до ексклузивни фотографии од тешката сообраќајна незгода во која има тројца загинати и неколкумина повредени лица. МВР соопшти дека утрово во 4.50...

Страшна сообраќајка кај Кичево – тројца млади загинаа, неколкумина тешко повредени

Тројца загинати и неколкумина повредени лица е последица на страшната сообраќајна несзгод ашто се случила рано утрово во Кичево, информир аполицијата. МВР соопшти дека утрово...

Излажан Тетовчанец за 11.000 евра: Албанец му ветил дека ќе му отвори фирма во Дубаи, па останал и без пари и без фирма..

57-годишен жител на тетовско село, вчера во 14 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека 58-годишниот М.М. од Република Албанија во текот...