18.5 C
Ohrid
четврток, јули 31, 2025
ПочетнаЗабаваДенеска е Св. апостол Филип, светецот кој ги лечел болните

Денеска е Св. апостол Филип, светецот кој ги лечел болните

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Според календарот на МПЦ денеска е 11 октомври, ден на Св. апостол Филип.
Свети Апостол Филип е еден од дванаесетте апостоли на Исус Христос.

Роден е во Витсаида, Галилеја, исто како и Апостол Петар и Апостол Андреј. Според Библијата, тој бил повикан од страна на Исус Христос да го следи и да му стане апостол. Тогаш тој се запознал и со Натанаил, кој според мислењата, се смета дека е другото име на апостол Вартоломеј.
Свети апостол Филип потекнуваше од Кесарија Палестинска. Беше женет и имаше четири ќерки. Кога светите апостоли ги бираа ѓаконите во ерусалимската Црква, што требаше да се грижат за бедните и болните и да ги организираат вечерите на љубовта т.е. агапите, меѓу нив беше избран и Филип. А кога настана гонењето на христијаните во Ерусалим, тој се повлече во Самарија и таму го проповедаше Евангелието, и не само што го проповедаше, туку и го сведошеше со многу чуда, изгонување на демони и исцелување на болни.

<

Евангелието го проповедал во Галилеја, Грција, Аварија, Етиопија. Според верувањата, во Грција евреите сакале да го погубат, но тој успеал да се спаси со помош на Господ, каде подоцна еврејскиот архиереј ослепел. Вршејќи чуда, воскреснал мртовец од Јерапол . Негови придужници се сестра му Маријамна и Апостол Вартоломеј. Во фригискиот град Јерапол се сретнал со друг мисионер- Апостол Јован. Овде имало некоја опасна змија, која надбожниците грижливо ја хранеле и ѝ се поклонувале како на Бог. Со Божјата молитва, тој, заедно со Свети Вартоломеј таа змија ја усмртиле. Со тоа врз себе го навлекле гневот на помрачените луѓе. Свети Филип бил затворен и распнат на дрво со главата надолу, заедно со Свети Вартоломеј. Тогаш, според верувањата, се отворила земјата и роголтала судијата и мнозина истомисленици како него. Луѓето, исплашени трчале да ги симнат распнетите светци, но успеале да го задржат само Свети Вартоломеј а Свети Филип веќе бил издивнат.

Моштите на Свети Филип подоцна биле префрлени во Рим.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Предлогот на ССМ не е прифатен, работодавачите не биле подготвени да разговараат за минимална плата

Нема изгледи за зголемување на минималната плата во земјава на 500 евра и раст на останатите плати за 100 евра како што бараше Сојузот...

Жителка на Русиново со брза дојава спаси поголем пожар. Веднаш доби понуда за работа

Жителка на Русиново го дигна селото на нозе против огнената стихија Синоќа точно на полноќ кај месноста Св. Марко, во близина на селото Русиново, избувна...

Николоски: Доаѓаат инвеститори од ОАЕ, сопственикот на Бурџ Калифа и Дубаи Мол ги виде Скопје, Попова Шапка и Охрид

-Првпат ја отворивме Македонија натака, доаѓаат инвеститори тука, излезе и по социјаните мрежи, сопственикот на Бурџ Калифа и на Дубаи Мол веќе ги...

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено телото на 16-годишното девојче во реката Вардар

По шест дена интензивна потрага, денеска околу пладне во водите на реката Вардар е пронајдено телото на 16-годишната девојка која исчезна на 24 јули,...