14.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаСе јави газдата на Беса транс: Алах да им даде рај на...

Се јави газдата на Беса транс: Алах да им даде рај на починатите- Патниците секогаш ги сметавме за наше семејство

Алах да им даде рај на починатите, а на повредените што поскоро опоравување, напиша вчера на својот фејсбук-профил Беким Хаџиу, сопственикот на „Беса транс“, компанијата во чиј автобус на 23 ноември во Бугарија загинаа 45 патници.

„Овие зборови ги кажувам со жалење и со повредено срце. Тие беа исто така наше семејство, бидејќи секогаш кога патувавме и патниците ги сметавме за наше семејство. Четири дена бевме заедно во Истанбул и забележав дека повеќето и порано доаѓале со нас на тури со нашите автобуси за Истанбул. Овие тестови се од Алах и верувам дека се прифатени од секој верник, неговата волја не може да биде променета ни за минута и бараме од Алах никого да не тестира”, напиша Хаџиу на Фејсбук.

Македонските власти соопштија дека автобусот во кој загинаа 45 патници немал извод од лиценца за меѓународен сообраќај и дека не бил стар три, туку 13 години. Овој автобус во последната година без лиценца повеќе од 130 пати ја поминал македонската граница

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт!

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт! Јас никогаш не агитирам за себе, граѓаните знаат за кого да гласаат, знаат да си го...

Како за Бајрам така и Велигден- Бесплатно шишање за сите деца од Православна вероисповед

Како за Бајрам така и Велигден. Почитувани мои Охриѓани, се ближит големиот Православен празник-Велидген. Одлучивме заедно со Берберот Емин Алим од "Barber shop Shogun"на 28.04.2024 (Недела)во...

Уапсен Охриѓанец- Го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид. По целосно документирање на настанот, против него...

Пецаков: Денес му оддаваме достојна почит на охридскиот револуционер Христо Узунов, кој со својата голема храброст остави неизбришлив печат во македонската историја

Денес му оддаваме достојна почит на охридскиот револуционер Христо Узунов, кој со својата голема храброст остави неизбришлив печат во македонската историја и беше еден...