9.3 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаПолитички аналитичари предупредуваат за лажен оптимизам - Македонија не е Марадона, со...

Политички аналитичари предупредуваат за лажен оптимизам – Македонија не е Марадона, со рака да и даде гол на Бугарија

spot_imgspot_img

Политичките аналитичари во земјава се скептици дека можеби нешто ќе се промени во наредниве две недели, за на наредниот Самит Македонија да го добие долгоочекуваниот датум за влез во Европската Унија. „Македонија не е Марадона со рака да и даде гол на Бугарија“ – вака ја опишуваат аналитичарите моменталната состојба со бугарското вето.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи постојано смирува и шири оптимизам дека можно е работите да се променат, но аналитичарите се чини дека гледаат на пореалната страна од приказната.

Прашањето што сега се поставува е какви бугарски предлози треба да очекуваме со оглед на тоа што „натпреварот веќе е влезен во судиското надополнување и во секој момент се очекува прогласување крај на мечот“? Друго прашање, пак, кое исто така не смее да остане непоставено е дали може да се очекува премиерот Зоран Заев „ќутенката“ да потпише нов „пријателски“ договор со Бугарија, со оглед на тоа што неговото заминување од премиерската функција ќе се случи само два дена пред Самитот во Брисел.

Од друга страна, Бугарија тврди дека нема да ни попушта, а таквиот заклучок вчера го запишаа учесниците во предлог-коалицискиот договор за формирање нова владејачка коалиција во Софија. Присутните на средбата на коалициските партнери за околу 40 минути ги разјасниле главните точки на билатерални односи со Македонија. Иако имало предлози експлицитно да не се нагласи дека Бугарија се придржува до Рамковниот став усвоен од Парламентот во ноември 2019 година, усвоена е формулацијата дека Бугарија ја задржува сегашната позиција во однос на Македонија. Тоа во превод значи дека новата бугарска влада нема намера да ја ревидира позицијата усвоена од Народното собрание, а тоа подразбира дека ќе се бранат националните интереси на Бугарија и дека нема да има компромиси со историската вистина, врз основа на документи и факти.

Првиот министер за надворешни работи, Денко Малески, во изјава за „Плус инфо“ вели дека минимални се шансите Бугарија да го повлече ветото во следните 14 дена.

– Јас не сум оптимист дека Бугарија ќе го повлече ветото. Очекувањата од новата бугарска влада всушност ги разјасни идниот бугарски мандатар Кирил Петков кога рече дека во дебатата треба да ги погледнеме интересите на двете држави и дека треба да се збогуваме од тие емотивни напливи на љубов и омраза од двете страни. Тој спомна и за проширување на темите од интерес за двете држави како начин да се дефинираат интересите и да се дојде до согласност. Но, по таа негова изјава не гледам некаква можност за брзо решение. Во меѓународната политика постои тој момент на изненадување, а во конктретниот случај тоа може да биде силниот притисок од Европа и од Америка за да се откочи процесот за Македонија и за Албанија. Меѓутоа, раката којашто ќе треба да се крене на Самитот во Брисел е онаа на Бугарија, оти без таа крената рака ние практично нема да можеме да добиеме датум за преговори. Мислам дека е малку веројатно нашиот источен сосед да попушти под притисокот на меѓународната заедница. Ако забележувате, сите политички фактори во Бугарија се повикуваат на заедничката Резолуција во Собранието, па вчера стаса и одговор од четирите бугарски партии дека нема да има поместување на позициите на Бугарија и дека сите остануваат посветени на одбрана на нивните државни и национални интереси – објаснува Малески.

На прашањето дали постои можност премиерот Зоран Заев да потпише нов договор со Бугарија пред да си замине од премиерската функција, Малески вели дека Заев не би си дозволил

– Тоа што беше контра-удар со потпишувањето на Преспанскиот договор е сè што може да издржи еден политичар. Сметам дека уште една таква работа која би одела контра расположението на јавноста не би си дозволил самиот Заев – смета Малески.

Бугарите веќе покажаа дека нема промени во нивната политика и сите замајувања кои доаѓаат од нашите политичари не водат никаде, вели поранешниот дипломат Ристо Никовски.

Единствено решение, според него, е Македонија да следи Резолуцијата во Собранието и да го промени својот однос кон агресивните бугарски политики.

– Засега такво нешто не се случува, иако тоа е обврска и на министерот за надворешни работи Бујар Османи и на претседателот на државата.
Стево Пендаровски. За нас сè уште се на маса навредливиот португалски предлог и таканаречените „5+1“ одговори. Тие воопшто не се вклопуваат во насоките дадени во Резолуцијата. Ако министерот Османи молчи и создава лажен оптимизам, тогаш мора да реагира претседателот Пендаровски, кој има уставни обврски во надворешната политика. Единствен излез за Македонија од ќорскокакот во кој сме доведени, и ние, и Брисел и Вашингтон, па и самата Бугарија, е веднаш и неодложно да се откаже Договорот за (не)пријателство, Договорот за (не)добрососедство и (не)соработка. Без тоа нема ниту излез од ќорсокакот, ниту напредок кон Европската Унија. Бугарија јасно си кажа, односно новите коалициски партнери јасно потенцираа дека нема промени во бугарската политика, а ако е некој глув, тогаш тоа е наш проблем. Опасноста од нова капитулација на Македонија е возможна, ама не е многу веројатна, бидејќи македонскиот народ едногласно ги одби сите бугарски фантазмагории – објаснува Никовски.

Оптимизам и ништовност
Шефот на дипломатијата Бујар Османи е оптимист дека за 14 дена може да се најде решение во спорот со Софија. Тој вели дека Скопје ја очекува позицијата на Бугарија по искажувањето на македонските ставови.

Како што истакна, деновиве интензивно се работело на дефинирање на македонскиот одговор на „пет плус еден точките“ и во наредните денови во комуникација треба да се одговори на тие предлози. Тоа, според Османи, ќе биде основа на следната рунда разговори меѓу експертите на двете министерства за надворешни работи.

– Чекаме средба помеѓу двете министерства, евентуално тие ставови да ги зближат уште повеќе со можности и да се најде одредено решение. Потоа влегува ЕУ со предлозите на претседателството коишто веќе ги знаете и со тоа да се комплетира целиот пакет. Доколку се сака, доколку се сфати тежината на моментот, сметам дека 14 дена се сосема доволни врз основа на тоа што сме го сработеле досега да се постигне договор – вели Османи.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак, вели дека оваа Влада не е кредибилна за да носи решенија и поради тоа потребни се предвремени парламентарни избори што е можно поскоро.

– Ако мислат дека оваа некредибилна Влада предводена од Зоран Заев во којашто преговаараат Владо Бучковски и Бујар Османи ќе биде нивниот капитал за да се задржат таму каде што се, тогаш се лажат. Евентуален таков договор ќе биде ништовен бидејќи мнозинството од македонскиот народ таквото нешто нема да го прифати, ниту пак јас, ниту пак тие – рече Мицкоски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...