7.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаОва е Властимир Алексовски – кандидат за лидер на СДСМ !!

Ова е Властимир Алексовски – кандидат за лидер на СДСМ !!

spot_imgspot_img

До Централната изборна комисија денеска кандидатура за претседател на СДСМ за вонредните внатрепартиски избори кои ќе се одржат на 12 декември поднесе Властимир Алексовски.

Алексовски е член и активист на СДСМ од општинската организација на партијата од Куманово.

Како што соопшти СДСМ, по анализирање на поднесената документација и утврдување дали апликацијата на Алексовски е согласно правилникот

и дали ги исполнува пропишаните услови, Централната изборна комисија ќе соопшти дали ја верификувала апликацијата.

Ова, според партијата, се однесува на сите поднесени кандидатури.

Сите информации за вонредните внатрепартиски избори во СДСМ, правилникот, роковите, онлајн алатката за активна регистрација на членовите, програмите на кандидатите кои ги доставиле во електронска форма се достапни на https://sdsm.org.mk/vonredni-vnatrepartiski-izbori.

Сител телевизија разговараше со Властимир Алексовски, човекот кој денеска поднесе кандидатура за лидер во СДСМ.

„Се одлучив на овој чекор бидејќи состојбите во партијата не се добри. Со самото кандидирање на Максим Димитриевски се виде дека некои работи не одат како што треба.

Направив програма за период 2021-2025 со слоган „Искрено, посветено во служна на граѓаните и нашата татковина Република Македонија.“

По вокација сум магистер, професор во физичко образование. Со партиска книшка сум од времето на Бранко Црвенковски. Со сите раководни структури се познавам.“, вели Алексовски во изјавата за Сител телевизија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...