16.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 16, 2025
ПочетнаМакедонија„Ековита“: Неготино има јаглен ама лозари не сакаат да бидат рудари

„Ековита“: Неготино има јаглен ама лозари не сакаат да бидат рудари

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Неготино има јаглен, ама лозари не сакаат да бидат рудари, коментираат од регионалното Здружение на граѓани ,,Ековита”, во време на енергетска криза и кога станува актуелно и наоѓалиштето на јаглен во неготинско.

<

– Според податоците со кои располагаме како регионално здружение за заштита на животната средина, развиените земји во светот се обврзаа да престанат да го користат јагленот до 2025 година, со цел да се поттикнат инвестициите во обновлива енергија и енергетска ефикасност на објектите. Евентуалното ископување на јаглен во Тиквешко како најголем лозаровинарски регион во државата, би значело, меѓу другото и крај за лозаровинарството. А вложуваме толку многу напори во промоција на македонското вино и развој на винските патишта, дециден беше Сашко Тодоров, дипломиран инжинер биолог и претседател на ,,Ековита”, во изјава за МИА. Тој потсети дека месноста Тимјаничка Цуцка кај Неготино крие јаглен, но беше дециден дека неговата евентуална експлоатација не оди во прилог на животната средина. Како биолог рече дека знае оти резервите на јаглен настанале при сушењето на некогашното Тиквешко Езеро, на чие место подоцна настанала Тиквешката котлина. Тие се протегаат кон селата Дисан, Тремник и Тимјаник, а од едната страна и кон градот Неготино.

Наоѓалиштата на јаглен не им се непознати на локалните жители, потврди Тодоров. Во минатото кавадарчани и неготинци се грееле на ќумур.

– Топлината од ќумурот беше толку силна што гореа тенките ќумбиња, раскажуваат дел од тиквешани со кои разговараше МИА на оваа тема. Тие рекоа дека и сега некои вадат јаглен, особено од местата од кои пороите ја однеле земјата, а ќумурот излегол на површина.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во скопската зоолошка угина млада женка мајмун сијаманг

Стефан Кирков од ВМРО-ДПМНЕ реагира по повод угинувањето на една женка мајмун од Скопската Зоолошка градина. „Хоророт во Скопската Зоолошка градина и натаму продолжува. Пред...

Таксист од Скопје на странец му наплатил 7.800 денари за возење од Центар до Средно Водно

Вчера во 20.40 часот во СВР Скопје, Б.Ф.П.Х. (43) од Швајцарија пријавил дека додека се возел во такси возило на релација од Центар до...

Во штипско село пронајдени череп и коски слични на човечки

На 14.06.2025 година во 09.37 часот во СВР Штип, Р.Ш.(60) од село Балталија, штипско, пријавил дека околу 09.00 часот на место викано...

Манастирот “Свети Еразмо” ви го честита големот празник посветен на охридскиот чудотворец – Свети Еразмо!

Манастирот "Свети Еразмо" ви го честита големот празник посветен на охридскиот чудотворец - Свети Еразмо! Ве известуваме дека за време на претстојниот празник на светиот...