8.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаМожеби не чекори бесбедно по градскиот асфалт, но со неговиот талент се...

Можеби не чекори бесбедно по градскиот асфалт, но со неговиот талент се искачува на врвот од уметничкиот свет

„Уште од најмала возраст ја засакав музиката, од кога паметам за себе“ – вака ја започнува својата приказна Виктор Тошевски кој е роден слеп, но има беспрекорно голем музички талент. „Прво пројавив желба за ударни инструменти, многу ги сакав, бидејќи обрнував внимание на ритам, имав чувство и за мелодија и за хармонијa“ – вели Виктор.

Можеби не чекори безбедно по градскиот асфалт и за него бројни се проблемите од секојденвието, но затоа со виртуозното свирење на пијано и ударни инструменти се искачува на врвот од уметничкит свет.

Виктор е роден слеп, но тоа не го спречило да ја негува и изучува музиката.

– Слепилото не ми е пречка да ја сакам и свирам музиката. Нема никаква пречка за јас технички да научам да интерпретирам. Може да се научи да се свири било кој инструмент – објаснува тој.

Учењето на нотите и партитурите Виктор, наместо со видот, го заменил со користење на слухот.

– Јас на памет ги учам композициите, такт по такт ги пробувам, на пример ако зворуваме за пијано, пробувам прво со десната рака, па со левата рака, на крај ги спојувам и ги учам на памет – ни рече Виктор.

Виктор од самиот почеток, своето образование го посветил на музиката.

– Прво учев во нижо музичко, таму почнав со ударни инструменти, потоа продолжив и во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“. Таму се определив за теоретски смер, главен предмет ми беше музичка теорија. Денес сум студент на Европа Прима, студирам музичка композиција.

Има 22 години, сака да компонира музика, неможе да одбере омилен композитор, но знае дека додека дише ќе ја сака и свири музиката. Во иднина се гледа како признат композитор.

– Сакам да свирам разни композиции. Тешко ми е да одберам еден композитор или композиција, има совршени дела. Немам се уште завршено мое дело – вели.

Виктор пеел и во хорот на „Златно славејче“, а и двапати настапил на фестивалот како пејач.

– На музиката посветувам многу време и внимание. Од мал па до ден денес. Треба да се вложи многу труд и да се вежба многу. Не е едноставно, но на крај вреди многу. Не постои никаква пречка, само треба да се оди напред и да се има желба и упорност. Животот секогаш носи предизвици, само напред и се ќе се надмине – за крај нè советува Виктор.

Извор: Еспресо.мк

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанецот Давид Крстески е нашиот херој од последното Европско Таеквон-до ИТФ првенство освојувајќи бронзен медал во борби

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од 15-ти до 22-ри април 2024, учествуваше на Европското Таеквон-до ИТФ првенство кое се одржа во Копер, Словенија. На ова...

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...