9.4 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаЈаулески: Власта повторно бара продолжување на рокот за изградба на автопатот Кичево-Охрид

Јаулески: Власта повторно бара продолжување на рокот за изградба на автопатот Кичево-Охрид

🛣️ Денес преку предлог закон за дополнување на законот за реализација на инфраструктурни проекти, повторно се бара продолжување на рокот за изградба на автопатот Кичево-Охрид.
Чудно, бидејќи власта преку овие измени не го става крајниот рок кога треба да се заврши, туку го одлага во денови.

🤲 Ова стана сага без крај, како серијата ,,Малечката невеста”.

✅ Да одиме со ред:
➡️ автопатот е започнат уште 2014 година, оставен со над 50% реализација по примопредавањето на власта;
➡️ се сменија 2 министри, Сугарески и Бочварски – автопатот тапка во место исто како сидрото на Заев;
➡️ беше крива трасата, па имаше тотален застој од една година, за потоа повторно да се гради по истата траса;
➡️ пред да дојдат на власт кажаа дека овој автопат прескапо чини, за тоа да склучат уште неколку анекси, како на пример анекс од 190 милиони евра за изградба на 9 клучки;
➡️ клучките никаде ги нема;
➡️ во кампањата, носителот на ИЕ5 Шеќеринска, рече дека автопатот ќе е готов до 2021. Денес сме декември, крај на 2021 а автопат нема;

👉 Пред да излезам на говорница, последната вест што ја прочитав во врска со автопатот беше дека рано изутрина камион се преврте кај аеродромот во Охрид.
Втор пат овој месец се превртува камион на исто место.

▫️Во 2021, за само два месеци имаме над 15 тешки сообраќајни несреќи, над 10 повредени и еден во тој двомесечен период. За другиот период немам статистика но бројот на сообраќајки, починати и повредени е многу голем. Тоа укажува дека ние немаме функционални институции, министерство и сѐ што се кажува е лага;
▫️ трагедиите кои ни се случуваат и во Ласкарци, Бугарија, и на автопатот Кичево-Охрид кој граѓаните популарно го викаат ,,автопатот на смртта”, се директна последица од нефунцкионалноста на иституциите и неработењето.

⚠️ На крај, овој предлог закон е само уште една потврда за неспобноста на власта во реализација на капиталните инвестиции со што во овој случај, директно се става во ризик животот на граѓаните кои патуваат по овој патен правец.
Видео Тука

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...