9.6 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаОхридската болница ќе добие вредна донација од Јапонската влада, подвижен рентген апарат.

Охридската болница ќе добие вредна донација од Јапонската влада, подвижен рентген апарат.

Хируршкото одделение при Општа болница Охрид ќе добие вредна донација од Јапонската влада. За потребите на болницата преку грант ќе се обезбеди мобилен дигитален рендген апарат. За таа цел се потпиша Договор за имплементација на проект од грант програмата за човекова безбедност на Јапонската влада со општина Охрид и Општа болница Охрид.

Савада Хиронари, амбасадор на Јапонија во земјава, напомена дека со овој грант ќе и се помогне на болницата да ги подобри своите капацитети и ќе се зголеми безбедноста на операциите на хируршкото одделение.

Во рамките на иницијативата на Западен Балкан, Јапонија е силно посветена во поддршката на земјава во социо-економскиот развој што е многу важен за интеграцијата во Европската унија. Јапонската влада со мали грантови за човековите потреби и човековата безбедност е еден од столбовите на нашата стратегија на соработка во Македонија – вели Хиронари.

Благодарност за грантот од Јапонската влада изрази охридскиот градоначалник Кирил Пецаков. Тој напомена дека на средбата со амбасадорот Савада разговарале за меѓусебна соработка која ќе го подобри живеењето на граѓаните.

Разговаравме околу тоа што нас ќе ни претстои во периодот, соработка околу Унеско и можноста Јапонија преку донација на Унеско да помогне во она што значи спроведување на Планот за управување со општина Охрид и она што ќе е потребно во наредните години – истакна Пецаков.

Д-р Горан Балески, директорот на ЈЗУ Општа болница-Охрид, исто така се заблагодари на Јапонскиот народ за поддршката на здравствената устнова. Јапонската влада во 2016 година донираше средства за набавка на современо амбулантно возило, а овој пат донира средства за набавка на мобилен дигитален рендген апарат.

Овој апарат е од исклучителна важност за унапредување на квалитетот на здравствената заштита на пациентите и поефикасна работа на стручниот медицински персонал – кажа Балески.

Од 1996 година до денес Јапонија поддржала со 7,8 милиони евра 158 проекти во македонското здравство, образование и животна средина. Во рамките на грант програмата за човекова безбедност од Јапонската влада во декември ќе се потпишат 5 проекти и уште неколку до месец март.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Малолетен учник претепал наставничка во скопското основно училиште Димо Хаџи Димов во Влае.

Малолетен учник под 14 години претепал наставничка во скопското основно училиште Димо Хаџи Димов во Влае. Насилниот ученик најпрвин нападнал неколку деца, а кога наставничката...

Боки 13: Вилма Рускоска на прославата од 1-Тв беше пијана, се вртеше како Рингишпил.

По повеќегодишна медиумска апстиненција и 4 години поминати во затвор, Боки 13 вечерва гостува во поткастот на Стефан Лазаров. Како и секогаш, искрен и без...

Боки 13: Со Шарената Револуција почна рекетот во Македонија.

Шарена Револуција од овој аспект сметам дека беше политички инструмент. Покрај алатка за да стигне до власт, тука е почнат рекетот во Македонија. Тука...

Ковачевски се надоврза на Ахмети и Мицкоски: Овие избори не се за бисквити и гурабии, туку се клучни за иднината

Кога ќе слушнам заканувачки тонови, тоа веднаш ме потсетува на она што се случи пред дваесет и нешто години по планините околу нас, рече...