10 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаПосле сообраќајката во Скопје се огласија од МВР: Арсовска е надлежна да...

После сообраќајката во Скопје се огласија од МВР: Арсовска е надлежна да го регулира сообаќајот во Скопје !!!

Сообраќајот на раскрсниците во Скопје е надлежност на Градот, службите на Арсовска го создадоа метежот, а МВР го расчисти, велат од полицијата во писмено соопштение испратено вчера.

„Наместо да бара објаснување од МВР и да ги дезинформира граѓаните со произволни Фејсбук статуси, градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска да почне да си ја врши работата и кога веќе не знае, да научи кои се нејзините надлежности и надлежностите на службите на градот кој таа го управува. Зачудува несериозноста на градоначалничката, која со невидена леснотија за проблеми кои се во нејзина надлежност се обидува вината да ја насочи кон МВР. Со цел да не дозволиме Арсовска да ја лаже јавноста и да бара алиби за своето незнаење во МВР, ја информираме јавноста дека според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата „Надлежен орган за управување и контрола на сообраќајот на крстосниците на подрачјето на град Скопје е град Скопје преку Центарот за управување и контрола на сообраќајот (ЦУКС)“.

Бидејќи службите на град Скопје не си ја завршија работата, односно не можеа да се справат со ситуацијата и беше создаден сообраќаен метеж во Скопје (на што објективно влијаеја и сообраќајната незгода кај ТЦ Мавровка и неколку полесни сообраќајни незгоди, но и зголемената употреба на возила од страна на граѓаните поради временските услови), а врз основа на член 5 од ЗБСП, СВР Скопје -Единица за безбедност на сообраќајот на патиштата – Одделение за безбедност на патниот сообраќај постапи со цел да се овозможи поголема проточност на сообраќајот, што и беше направено, односно метежот беше расчистен.“ – велат од МВР.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...