10.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаАндреј Стојановски, 15 годишен ученик, е дел од тимот што ќе оди...

Андреј Стојановски, 15 годишен ученик, е дел од тимот што ќе оди на Олимпијадата во Абу Даби

Андреј Стојановски, 15-годишен ученик во средното училиште „Јахја Кемал“ во Скопје е дел од тимот што ќе ја претставува Македонија на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки, која ќе се одржи од 12 до 21 декември 2021 година во Абу Даби.

Натпреварите ги засакал уште кога бил четврто одделение, кога му се укажала можноста да оди на еден од нив по предметот математика.
Откако почнал да се натпреварува, има освоено многу награди на општинските, регионалните и на државните натпревари од различни области на природните науки.

– Најважна досега е претстојната Олимпијадата и секако пласманот на неа – вели Андреј.
Сепак, одлучно кажува дека физиката му е омилената наука.

– Верувам дека физиката го ,држи клучот за разбирање на универзумот, на сите појави околу нас. За да можеме сè да објасниме, треба многу детално да ја познаваме физиката. Модерната физика е најпредизвикувачка зашто не можеме реално да ги видиме работите, односно голем дел се базира на теории и претпоставки, за разлика од, на пример, кинематиката – додава младиот физичар.

Повеќе на линкот: Deca.mk

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...