21.9 C
Ohrid
четврток, септември 12, 2024
ПочетнаЗабаваСнеже да се јави на главна каса: Пиво од грашок и кисела...

Снеже да се јави на главна каса: Пиво од грашок и кисела зелка, божиќен хит на Исланд

Божиќно пиво направено од грашок и маринирана црвена зелка стана хит во Исланд меѓу купувачите во пресрет на Божиќ. За неколку часа „исчезнале“ 6.000 лименки пиво од полиците на продавниците.

Божиќното пиво „Ора Јолабјор“ е произведено од мала пиварница во Рејкјавик и е инспирирано од исландската божиќна вечера

Исландската празнична гозба се состои од грашок и црвена зелка послужени со чаден јагнешки бут и карамелизиран компир.

Новото пиво со 5,2 отсто содржина на алкохол, а идејата за негово производство е на Велгеир Велгеирсон, главниот производител на пиво во РВК Бревинг.

Велгеирсон стекнал добра репутација во изминатите неколку години кога лансирал популарни божиќни пива од алги, стебла од новогодишни елки, па дури и сушени риби. Самиот Валгеирсон (41) низ смеа признава дека рибиното пиво било најнеобично.

Од својот последен изум, досега има произведено 6.000 литри, кој потоа преку интернет биле продаден на исландската државна компанија за пиво „Винбудин“.
Првата серија од 6.000 лименки се распродале за неколку часа, а набргу потоа биле продадени уште 18.000 лименки.

Валгеирсон вели дека комбинацијата на грашок и зелка е симболична за Исланѓаните, бидејќи традицијата на комбинирање на овие две работи за Божиќ датира од времето кога во зима тешко се доаѓало до свежа храна.
– Бев изненаден од многу добриот вкус на ова пиво – рекол Хедин Унштајнсон, 51-годишен владин советник.

Неговиот колега Нилс Бјарки Финсен го споредил со англиско горчливо пиво, велејќи дека е пријатно изненаден бидејќи очекувал вкус на зеленчук, притоа додавајќи дека следната година очекува уште понеобичен вкус од пиварницата Велгеирсон на пример пиво од џигер од бакалар.
НоваМакедонија

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина Илија Андонов Ченто, син на Методија Андонов Ченто

На 92 години почина Илија Андонов- Ченто, син на Методија Андонов- Ченто и министер во првата Влада на Република Македонија по нејзиното осамостојување. Илија Андонов...

На нива во општина Врапчиште експлодирала рачна бомба, едно лице повредено

На 11.09.2024 во 12.05 часот во СВР Тетово било пријавено дека околу 11.50 часот во атар на с.Неготино, општина Врапчиште, додека бил во нива...

Ученици останаа без превоз, ЈСП нема пари за регистрација и ја исклучи линијата со број 33

Јавното сообраќајно претпријатие пред неколку дена ја исклучи приградската линијата со број 33 која е единствена што директно го поврзува Долно Лисиче со општина...

121 година на Аргир Маринчев и неговите востаници,Традиционален марш до вечниот дом

Стојанов и други кои не можеле да се спротистават на 3000 турски аскер во одмазничкиот налет предводени од Бахтијард-паша. Масакрот траел 15 часа а...