-1.1 C
Ohrid
петок, декември 8, 2023
ПочетнаМакедонија100.000 жители без струја: Голем дефект на системот за електроснабдување во Охридско-струшкиот...

100.000 жители без струја: Голем дефект на системот за електроснабдување во Охридско-струшкиот регион

Нешто пред пладне дојде до прекин во снабдувањето со електрична енергија во Охрид, Струга и делови од Дебрца, пишува OhridNews.

Снегот предизвика проблеми во снабдувањето ел.енергија во Охридско-струшкиот регион
Падната бандера во струшко

Причина за прекинот кој без електрична енергија остави над 100.000 жители на регионот, неофицијално, е голем дефект на далекуводниот систем.

Прекин во снабдувањата со електрична енергија има во Охрид, Слатино, Издеглавје, Арбиново, Годивје, Сливово. Во Струга, Калишта, Радолишта, Франгово, Радожда, Октиси, Подгорци, Делогожда, Лабуништа, Присовјани, Локов, Селце, Буринец, Збажди, Брчево, Шум, Заграчани, Вишни, Радолишта, Теферич, Луково, Нерези, Модрич, Дренок, Пискупштина. Прекин во снабдувањето има и во Вевчани. – информира ЕВН.

Од ЕВН велат дека проблемот е во МЕПСО, односно во нивните системи за снабдување. Неофицијално се работи за дефект на два далекувода од кои со електрична енергија се снабдуваат наведените реони.

Во регионот од синоќа има обилни врнежи од дожд и влажен снег на повисоките места, кој предизвикува проблеми и оштетувања на електричната мрежа и другата инфраструктура.

Г.М OhridNews

spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

И шоферот на Палчо доби гратис шишање за во Шутка !!!

Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Обвинителството, и му одреди 30-дневен притвор на возачот кој го возел...

Првото селфи на Боки 13 откако е на слобода- Мора да признаеме како за болен човек, добро изгледа !!!

Бојан Јовановски, познат како Боки 13 објави фотографија на својот Фејсбук, прво селфи на слобода. „Првото селфи на слобода после повеќе од 4 години. Господ...

Возачот на Палчо не чувствува вина: Јас го возев на болница

Стефан Димковски, кој го превезуваше Љупчо Палевски-Палчо и заврши во притвор, не чувствува вина во случајот со убивањето на Вања Ѓорчевска, одговори тој на...

Мајката на Вања: Не можам да разберам, се ми е нереално – Со сопругот бевме 5 години разделени, но бевме во добри односи.

Зорица Ѓорчевска, мајката на Вања Ѓорчевска (14) која беше убиена кај скопското село Бразда за српска „Република“ изјавува дека важно и е само да...