6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаСветВучиќ: Оваа година ќе купиме уште 30 хеликоптери, со што ќе станеме...

Вучиќ: Оваа година ќе купиме уште 30 хеликоптери, со што ќе станеме хеликоптерска веле сила во регионот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска најави дека земјата во 2022 и 2023 година ќе набави уште околу 30 хеликоптери и дека ќе биде хеликоптерска велесила во регионот, јави дописникот на МИА од Белград.

– Голем број хеликоптери се набавени годинава и во претходните години, а очекувам големи набавки на хеликоптери следната година и во 2023 година. Очекуваме уште вкупно 18, плус 12 хеликоптери – изјави Вучиќ по демонстрацијата на хеликоптерски единици на Воздухопловните сили и ПВО и 63-та падобранска бригада во Ниш.

Вучиќ порача дека Србија ќе има и 11 хеликоптери Х145, потоа четири Ми35, три Ми17, плус 11 или 12 Ми35, кои ги купуваат половни од една членка на ЕУ.

– Значи, ние ќе бидеме, ако можам така да кажам, хеликоптерска велесила во овој регион – нагласи Вучиќ.

Тој денеска пред новинарите изјави дека на средбата со компаниите од одбранбената индустрија на Србија е донесена одлука за помош на домашната наменска индустрија со 145 милиони евра во првиот квартал од 2022 година.

Како што кажа денеска Вучиќ, донесена е одлука и дека Србија во следните пет години ќе нарача опрема, оружје и орудија, возила и муниција, мини, ракети од домашната наменска индустрија во вредност од 1,25 милијарди евра.

Вучиќ истакна дека со зголемувањето на платите на припадниците на војската е запрен одливот на луѓе од армијата.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...