9.4 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаСто години од раѓањето на Блаже Конески

Сто години од раѓањето на Блаже Конески

На денешен ден, пред 100 години во прилепското село Небрегово, е роден академик Блаже Конески, еден од најистакнатите македонски културни дејци, писател, врвен поет и научник, чие творечко истражување дало огромни резултати во македонската литература, во областа на граматиката и во историјата на македонскиот јазик и во областа на културната историја на македонскиот народ.

Блаже Конески бил прв претседател на Друштвото на писателите на Македонија, прв претседател на Македонската академија на науките и уметностите, почесен доктор на Чикашкиот универзитет и на Универзитетот во Врацлав.

Неговото прво дело, поемата „Мостот“, ја објавил непосредно по војната во 1945 година, а потоа следуваат „Земја и љубовта“, „Песни“, „Везилка“, „Лозје“, „Записи“, „Стари и нови песни“, „Чешмите“, „Послание“, „Светото на песната и легендата“ и други.

Автор е на повеќе значајни трудови, меѓу кои и на „Граматика на македонскиот јазик“, „Историја на македонскиот јазик“, „Македонскиот јазик во развојот на словенските литературни јазици и јазикот на македонската поезија“. Во македонската современа општествена стварност, во смисла на одбрана на македонската држава и македонскиот јазик, како темели на македонскиот национален и историски идентитет е позната неговата максима: „Јазикот е нашата единствена целосна татковина“. Покрај другите награди, добитник е на „Златниот венец“ на „Струшките вечери на поезијата“ во 1981 година.

Од 4 јуни 1997 година Филолошкиот факултет во Скопје го носи неговото име.

Блаже Конески почина на 7 декември 1993 година.

Стогодишнината од неговото раѓање годинава беше одблежана со повеќе настани. Денот кога е роден Конески, 19 декември, е ставен и на листата на значајни јубилеи на УНЕСКО што се одбележуваат во 2021 година.

Во рамките на одбележувањето на 2021 – година во чест на Блаже Конески по повод 100 години од раѓањето, во свечената сала на Македонската академија на науките и уметностите утре ќе се одржи свечен собир.

На собирот ќе говорат претседателот Стево Пендаровски, претседателот на МАНУ, акад. Љупчо Коцарев, проф. д-р Никола Јанкуловски, ректор на УКИМ, акад. Катица Ќулавкова, секретар на ОЛЛН – МАНУ и раководител на проектот „Критичко издание на целокупните дела на Блаже Конески. Со омаж за Конески ќе се претстават акад. Зузана Тополињска и акад. Влада Урошевиќ.

На свечениот собир ќе биде претставено уметничкото и научното дело на Блаже Конески во контекст на критичкото издание на неговите целокупни дела на МАНУ. Станува збор за 12 тома со целокупните дела на Блаже Конески, а ќе ги претстават професорите Венко Андоновски, Наташа Аврамовска, Иван Џепароски, Анастасија Ѓурчинова, Красимира Илиевска, Марјан Марковиќ, Веселинка Лаброска, Људмил Спасов, Лилјана Макаријоска и Станислава-Сташа Тофоска.

Ќе биде промовирана и веб-страницата со дигиталните изданија на објавените томови од „Критичкото издание на целокупните дела на Блаже Конески“ што ја подготви Истражувачкиот центар за ареална лингвистика при МАНУ.

spot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...