7.1 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаМајка од Скопје немала 12.700 денари да го погреба синот, и помогнал...

Мајка од Скопје немала 12.700 денари да го погреба синот, и помогнал пензиониран свештеник

Пензиониран свештеник, кој сакал да остане анонимен ги платил погребалните трошоци кон АД Бутел во висина од 12.700 денари, бидејќи мајка од Скопје чиј син Слаѓан починал пред неколку дена, на верскиот празник Свети Никола, немала доволно средства да го погреба. Таа заедно со другиот син се наоѓала во самоизолација, а за агонијата низ која минува ова семејство алармираше здружението ,,Куќа на среќата”.

Од здружението информираа дека за помош им се обратиле пријатели на семејството, кои исто така не биле финансиски моќни да го платат погребот.
Погреб… Но, како да го погреба, со кои пари? Тие едвај врзуваат крај со крај, од каде сега пари за погребалните трошоци? Среќа во цела таа несреќа е што имаат гробно место од нејзиниот починат сопруг, но погребалните трошоци?
Како да ги плати?
Како да ги платат 12.700 денари?

Цена која им е дадена поради нивната ситуација со попуст. Да да попуст! До каде само дојдовме? Да се нема пари да се погреба еден човек! Да се нема пари да се испрати своето чедо да почива во вечен мир!

Болката на оваа мајка со ништо не можеме да ја намалиме, но можеме да и помогнеме да го погреба својот син, на кој не може дури ни на погребот да присуствува. Немаат никој друг кој може да им помогне, оставени сами на себе. Сите кои ги познаваат, ја знаат нивната состојба, знаат во колку тешки услови живеат – пишуваше во апелот за помош.

Вчера од здружението објавија дека Слаѓан е погребан, благодарение на пензиониран свештеник, кој ги платил трошоците. Исто така, информираа дека црковните трошоци не биле наплатени и истите биле спроведени бесплатно од страна на Отец Оливер од црквата Свети Спас – Драчево.

Fokus

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...

Традиционално од Света Петка Велгошти, ВМРО ДПМНЕ ја започна парламентарната кампања.

Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Кандидатите за...