8.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаИвана Ристовска, млада програмерка и вљубеничка во пчеларството, доби 10.000 евра од...

Ивана Ристовска, млада програмерка и вљубеничка во пчеларството, доби 10.000 евра од програмата „Млад земјоделец“

Педесет млади земјоделци од вкупно 111 апликанти, добија финансиска поддршка во вредност до 10.000 евра по корисник. Средствата се обезбедени од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, мерка 112 „Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“, пишува Агротим.Мк

Една од нив е Ивана Ристовска, голема вљубеничка во пчеларството и студентка на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

„За повикот се информирав од пчеларските здруженија, а условите за аплицирањето воопшто не беа тешки“, ни објасни Ивана.

За Ивана пчеларството претставува една преубава професија, која треба сѐ повеќе да се негува. Ја прашавме како решила да почне да се занимава со одгледување пчели.

Веќе две години одгледувам пчели. Одлучив да почнам сосема случајно, читајќи многу литература, како и разни статии за функционирањето и организацијата на пчелните семејства. Сето тоа ме заинтересира и решив да пробам.“

Ивана има 21 сандак со пчели во чиста, еколошки незагадена средина во село Папрадиште, општина Чашка, засега произведува и продава само мед, а со добените средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој планира да го зголеми бројот на пчелни семејства и да ја прошири палетата на производи. Освен во насока на зголемување на бројот на пчелни семејства, нејзиниот деловен план е насочен кон набавка на сите потребни алатки и машини со кои ќе го олесни работењето, ќе го зголеми бројот на сандаци и ќе го модернизира процесот.

За Ивана пчеларството претставува една преубава професија и како што вели, „доколку навлезете малку повеќе во светот на пчелите, ќе видите всушност колку се тие уникатни и потребни за сите нас“.

На последниот повик за мерката 112 „Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“, пристигнаа 111 апликации. Од нив 50 апликанти ги исполнија условите и со нив ќе бидат потпишани договори за добивање финансиска поддршка во форма на неповратен грант, со вредност до 10.000 евра по корисник.
Овие средства се обезбедени од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој и претставуваат иницијална поддршка од државата за младите земјоделци да можат полесно да започнат сопствен бизнис, да создадат нови брендови на пазарот, да инвестираат во нови дејности преку кои ќе ги реализираат своите идеи.
Сите одобрени грантови, се врз основа на добри деловни планови кои имаат развојна компонента, го таргетираат домашниот пазар, користат сопствени ресурси и имаат компонента за модерно производство, со примена на добри земјоделски практики и грижа за животната средина.

Радува податокот што на последниот повик, подеднакво бил голем интересот и кај жените и кај мажите кои се на возраст до 40 години. При тоа, побарувањата за грант се од сите земјоделски гранки: млекарство, сточарство, пчеларство, овоштарство, винарство, производство на сточна храна како и набавка на земјоделска механизација.
Извор: Агротим.Мк

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...