4.9 C
Ohrid
четврток, февруари 6, 2025
ПочетнаМакедонијаДиректорот на Фондот за иновации Коста Петров поднесе оставка од функцијата

Директорот на Фондот за иновации Коста Петров поднесе оставка од функцијата

spot_img

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Коста Петров поднесе оставка од функцијата. Тој денеска на својот фејсбук профил напиша дека се повлекува и од партискиот ангажман од СДСМ.

<

„Голема благодарност до сите наши партнери, корисници, интернационални организации и членовите на Националниот стартап совет за безрезервната поддршка овие 14 месеци. Најголема благодарност до моите колеги од ФИТР за рекордните успеси во 2021 година. Со оставката што денес ја доставив до Централниот одбор на СДСМ, после две и пол години, и официјално го завршувам ова мое политичко патување. Бескрајно сум благодарен за научените лекции. Време е за нови предизвици“, напиша Петров на фејсбук.

Коста Петров беше назначен за директор на Фондот за иновации лани во ноември. Од август 2019 стана дел од партиското раководство на СДСМ, односно беше избран за еден од шесте потпретседатели на партијата. На ова партиска функција беше до мај годинава, кога на Конгрес на партијата беше избрани четири потпретседатели на СДСМ и тоа Венко Филипче, Фатмир Битиќи, Мила Царовска и Оливер Спасовски.
Фото: Архива

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Висок функционер од СДСМ заврши во притвор

Судија на претходна постапка при основниот Кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за одредување 30денвен притвор за поранешниот директор на...

Традицијонална свеченост во спомен куќата на Прличев

По традиција во рамки на „Прличевите беседи“ и годинава се одржа свеченост во родната куќа на Прличев, којашто пред 20 години беше реновирана и...

23 годишниот одбранбен фудбалер Христијан Јанкулоски од Охрид е ново име на Брера Струмица.

23 годишниот одбранбен фудбалер Христијан Јанкулоски е ново име на Брера Струмица. Тој веќе се приклучи на тимот на Тони Атанасов и веќе...

Се степале двајца хирурзи во операциона сала во штипската болница

Двајца лекари се степале во Клиничката болница – Штип во текот на вчерашниот ден. Според соопштението на Секторот за внатрешни работи Штип, настанот е...