8.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаТаравари: Ова е мојот проштален мандат, Бог да го благослови Гостивар!

Таравари: Ова е мојот проштален мандат, Бог да го благослови Гостивар!

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари во обраќањето на прославата по повод Денот на општината откри дека нема да се кандидира по трет пат за прв човек на локалната самоуправа, образложувајќи дека два мандати се доволни за јавните функционери да ја покажат и докажат својата работа.

Во продолжение го пренесуваме во целост обраќањето на градоначалникот:

„Најпрво би сакал да му посакам добредојде на претседателот на Република Северна Македонија, г. Стево Пендаровски! На поранешните градоначалници на Гостивар г-дин Енвер Зенку и г-дин Џемаил Реџепи, на пратеникот Халил Снопче, и на на вас присутните дами и господа. Денес е денот на Општината, сакам искрено да им се заблагодарам на сите мои претходници! Сакам искрено да им се заблагодарам на сите мои претходници! Градоначалници кои во исклучително тешки времиња беа принудени да плаќаат многу тешки сметки за да ја заштитат слободата и демократијата на градот, оние кои работеа со епско саможртвување носејќи историски промени надвор од градот. Затоа, му благодарам на секој од нив, дури и на оние што покажаа како не треба да се работи, сите тие се Градоначалници и историјата ќе ги запише на нејзините страници! Знаете дека неодамна Гостиварци ја дадоа довербата на нашиот тим и мене за втор мандат! Како што сум проамериканец, како објективен поддржувач на американскиот устав, мислам и верувам дека 2 мандати се законски и дефинитивно фактички доволни за секој носител на функција. Така, овој втор мандат го сметам за мој последен мандат или мој Проштален мандат. Од првиот ден кога влегов во канцеларијата, заедно со тимот ја видовме Општината како сопственост на гостиварци и само на нив. Не дозволивме партиските страсти кои државата ја претворија во столб на висока тензија, да станат дел од нашето владеење. Ова е земја во развој, невозможно е да се задоволат сите, но можно е да се бориме за секого! И денес, на најважниот ден на оваа институција, сакам да апелирам до секој од нас дека ако ги гледаме идеолошките, верските или етничките разлики како вредности, тогаш градот и државата можат да станат хармоничен мозаик. Таков е Гостивар, но оваа земја знае за големи предизвици и знае да верува во идеал, а тоа е самиот Град! Секако овде живеат Албанци, Македонци, Турци, Бугари, Роми и други, несомнено има и муслимани и христијани или некоја друга вера, но сите се обединуваме во едно име, ние сме Гостиварци! Со овој мотив нашата општина ќе направи се за да изградиме повеќе во овие 4 години, да создадеме повеќе можности, да понудиме повеќе причини за младите да останат и да го градат својот живот паралелно со градот, да го развиваме Гостивар онолку колку што го сакаме! На крајот, дозволете ми во мое име да му се заблагодарам на мојот тим. Задоволство ми е што сум дел од вас! И несомнено, гостиварци кои меѓу неволји, честопати сиромаштија, печалба, солзи и болка, веруваа и го сакаат својот град повеќе од cé. Тие ги заслужуваат најголемите честитки за нивната Општина затоа што оваа институција е создадена од нив и за нив! Нека ни е со среќа Општината и секогаш да биде во служба на Гостивар. Бог да го благослови градот што владее во Полог од древните времиња и кој што од нашите предци ни е запишан во срцето!“

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...