8.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаСветТони Блер: Луѓето што одбиваат вакцина се идиоти

Тони Блер: Луѓето што одбиваат вакцина се идиоти

Поранешниот британски премиер Тони Блер ги нарече идиоти луѓето што одбиваат вакцина против ковид-19, а можат да ја примат, односно што немаат медицинска причина да ја одбијат.

„Искрено, ако не се вакцинирате, а можете да примите вакцина, односно немате никакви здравствени причини да не ја примите, не сте само неодговорен, туку сте идиот“, рече Блер.

Во интервју за радиото Тајмс Блер рече дека оние што решиле да не се вакцинираат не треба да се третираат грубо, туку треба да се убедат да се вакцинираат.

„Може да има разни причини, но, искрено, вакцинацијата е во нивен интерес, дури и ако го игнорираме јавниот интерес“, рече Блер.

Тој додаде дека одлуката за вакцинирање деца помлади од 12 години „требаше да биде донесена пред некое време“.

„Не знам што чекавме толку долго“, додаде тој.

Блер рече дека ја поддржува одлуката на британската влада да не воведува нови рестрикции пред Божиќ, но ја опиша одлуката како „неверојатно тешка“ и „ризична“.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...