32.9 C
Ohrid
вторник, август 12, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаканувачки пораки за неподмирен долг за брз кредит, дали ова е дозволено?

Заканувачки пораки за неподмирен долг за брз кредит, дали ова е дозволено?

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Заканувачки смс пораки доколку на време не си ги подмирите ратите за брз кредит се честа слика. Граѓаните реагираат дека доколку задоцнат со исплатата, следуваат високи камати, истовремено и пораки со заканувачка содржина, контактирање на членовите од семејството, но и работодавачите. „Дали законски е дозволено доколку земете брз кредит и навремено не ги подмирите ратите, да се испраќаат заканувачки пораки?“, ги прашавме од Организацијата за заштита на потрошувачи. Од таму потврдија дека ваквата слика е честа, но решението не е да се праќаат пораки со вознемирувачки содржини.

<

„Со самото тоа што ние земаме потрошувачки брз кредит, со тоа што го потпишувате договорот се согласувате на условите. Меѓутоа, тие услови се да се контактира лицето, да му се прати пораки и слично, но не и тие да бидат заканувачки, туку во рамки на границата. Сега во случај да не се отплати кредитот, давателот на кредитот, односно финансиското друштво може да го прати на извршител, но не и да испраќа заканувачки пораки. Потрошувачите често се јавуваат кај нас, се жалат токму на тој проблем, дека имаат високи камати за брзите кредити, но и дека често добиваат заканувачки пораки. Постојано им се закануваат, дали телефонски, дали преку пораки, поради задоцнување на ратата“, истакна Мартина Грнчаревска од Организацијата на потрошувачи.

Дополнително на ова, од организацијата истакнаа дека граѓаните за вакви ситуации би требало да пријават во полиција, со цел да се спречи ваквата пракса во иднина.

„Кога некој од нас како потрошувач ќе се соочи со тој проблем, добро е да пријави веднаш во МВР, бидејќи им се праќаат заканувачки и вознемирувачки пораки од страна на финансиското друштво. Друг начин е да се пријави во Министерство за финансии како институција која ги дава дозволите за работа на финансиското друштво и најпрво да се обратат до финансиското друштво со барање да не се испраќаат повеќе такви пораки. Понатаму да се пријави и во МВР“, додава Грнчаревска.

Прашањето „Како се потсетува клиентот за неплатен долг (дали се праќаат пораки со несоодветна содржина)?“ го поставивме и на Асоцијацијата на финансиски друштва, меѓутоа на истото не добивме одговор.

Од страна на СВР Штип, пак, истакнаа дека до сега кај нив не е регистрирана пријава од страна на граѓани за заканувачки пораки од финансиски друштва. Истовремено, и од таму апелираат доколку има вакви појави, да се пријави во полиција, со цел ова во иднина да не се повторува.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата приведе две лица- Му се заканувале на градоначалникот и на неговото семејство

На 12.08.2025 во 02:20 и 02:50 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.Д.(33) и Т.П.(34), двајцата од Росоман,...

15 годишник е еден од осомничените за убиството во Тетово, изведен е пред судија на претходна постапка !!!

Еден од осомничените за убиството што се случи во неделата во Тетово денеска бил изведен пред суд, јавува репортерот на 4news.mk, објави 4NEWS.mk Според нашите...

Лозановска, директорката на гимназијата во Демир Хисар се јави на информативен разговор

Во полицијата во Демир Хисар на информативен разговор утрово се јави директорката на Гимназијата од Демир Хисар, Маја Лозановска, во придружба на нејзиниот адвокат...

Маж од Виница избоден 4 пати со нож пред угостителски објект !

Вечерта на 7 август, пред угостителски објект во Виница, мирното место се претвори во сцена на насилство кога Н.В. (32) од Виница, по вербална...