11.1 C
Ohrid
петок, април 25, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев во Струмица, Шекеринска во Маврово, Филипче на ,after work” забава:...

Заев во Струмица, Шекеринска во Маврово, Филипче на ,after work” забава: Еве каде ќе ја дочекаат Новата година нашите политичари..

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ниту во кафеани, ниту хотели или пак монденски ски центри, туку нашите политичари одлучиле Новата 2022 година да си ја дочекаат дома, во семејна атмосфера, со најблиските.

<

Така барем ни изјавија повеќето од нив, односно оние кои беа расположени да одвојат време за традиционалната претпразнична анкета на ,,Фокус” – Каде ќе бидат за новогодишниот дочек.
Скромно, опуштено, со домашни специјалитети, во удобна облека, велат дека ќе се посветат на најблиските, бидејќи празниците ги сметаат за време наменето за семејството.

Цела година со работни обврски, средби, работни анагажмани, па велат дека едвај чекаат малку да се релаксираат во своите домови, без притисоци, во лежерно издание. Ќе ги тргнат вратоврските и формалната гардероба, па ќе уживале со своите брачни партнери и деца.

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вели дека ќе ја дочека Новата година во својот дом, со семејството. Не беше расположен за споделување со јавноста повеќе детали од неговиот личен живот, така да не успеавме да добиеме информација која е неговата сопруга, што е по професија, како го минуваат заедничкото време, ниту пак, евентуално, да добиеме празнична семејна фотографија, како што често објавуваат повеќе политичари за време на празниците.

И неговиот претходник Зоран Заев ќе ја дочека Новата година со семејството, во својот дом во Струмица.

Министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска пак, вели дека на некој начин нејзиниот одговор на прашањето, станува здодевен, бидејќи со години наназад е ист – ќе слави со најблиските во Маврово, каде што има семејна викендичка.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој во минатото изјавуваше дека за дочекот е дома со семејството, бидејќи децата му се се уште мали, и годинава вели дека ќе остане дома, со најблиските. Причината, вели дека овојпат е актуелната пандемија, па не би славел каде што има гужва.

И доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски ќе остане дома, во родната Крива Паланка, заедно со сопругата и најблиските.

-Во семејната куќа во Крива Паланка или можеби во некоја викендица околу Крива Паланка, вели тој.

Новоизбраниот потпретседател на СДСМ, Стефан Богоев исто така останува да ја дочека Новата година во домашна атмосфера во Скопје, како што вели, со блиски пријатели.

Градоначалникот на Валандово и потпретседател на СДСМ, Перо Костадинов се уште немал одлучено каде ќе слави, но нема најава за дочек надвор од земјава.

-Ги сакам ,,after work” забавите кои се актуелни оваа недела, посебно на 31-ви декември, попладне. Вечерта за дочекот ќе бидам дома, со најблиските, вели министерот за здравство Венко Филипче.
Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши исто така останува дома, со најблиските.

-Речиси сите од нашата партија годинава ќе бидат дома, со семејствата. Им се радуваме на овие два-три дена одмор, по напорниот работен период. И состојбата со вирусот така налага, затоа, со блиските, во топла атмосфера, вели тој.

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев ќе ја поминел вечерта дома, со семејството, а потоа на полноќ ќе им ја честитал Новата година на граѓаните кои ќе слават на градскиот плоштад, по што следела традиционална посета на болницата, полицијата, противпожарната служба…

Според одговорите кои ги дадоа нашите политичари, околу плановите за новогодишниот дочек, очигледно е дека сите на некој начин се желни за интимен, домашен амбиент. Порачаа дека токму во тоа е магијата на празниците, да се поминат со семејството, да се посвети внимание на драгите луѓе, бидејќи во текот на целата година се во трка со времето.

Вики Клинчарова Фокус

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Исчезнувањето на Симона не е пријавено во МВР!

Дали Симона, поради чие наводно исчезнување се крена земјата на нозе, навистина е исчезната? Официјално, барем до сега, никој не пријавил исчезнување на лице...

Христово Воскресение 2 ден во Дортмунд- Германија

Христово Воскресение 2 ден Дортмунд ____ На вториот ден Велигден,Македонската Црковна општина св.Кирил и Методиј од Дортмунд имаше чест да биде посетена од Неговото Високо преосвештенство...

Исчезната е Симона Стојкова- Доколку некој има информации веднаш да пријави во МВР !!!

Краток опис Симона Стојкова има кафена коса и кафени очи со висина од 175 см и е на возраст од 35 години. Носи наочари и...

Викторија Трајков: Со градоначалникот Пецаков ја посетивме инклузивната игротека „Радост“ која е цел нов свет за околу 20 дечиња со церебрална парализа од Охрид...

Со градоначалникот Пецаков ја посетивме инклузивната игротека „Радост“ која е цел нов свет за околу 20 дечиња со церебрална парализа од Охрид и околината,...