12.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаМлад чевлар од Скопје го изненади татка си- Му ги реставрира неговите...

Млад чевлар од Скопје го изненади татка си- Му ги реставрира неговите омилени патики

spot_imgspot_img

 

Синко овие ми се најудобните патики што сум ги носел некогаш, подарок ми се од тебе, но по 4 години ги уништив. Со нив работев секаква работа затоа што во нив најудобно се чувствував…“, му кажал 68-годишниот татко на Филип и тој не можел, а да не го изненади.

Филип Костовски е 32-годишен скопјанец кој повеќе од една деценија се занимава со чевларскиот занает и сега со помош на својот талент за поправка на чевли го изненади на навистина емотивен начин својот татко Бранко (68).

Филип вели дека одлучил да ги реставрира омилените чевли на неговиот татко, кој ги носи кога работи секаков тип на физичка работа.

Кога има млади луѓе што си ја сакаат професијата, а пред сѐ своите родители, тогаш има и вакви емотивни потези. Браво Филип!

За CRNOBELO.com Филип споделува како ја смислил оваа идеја:

„Еве ги татко, твоите омилени чевли се пак нови…“, му кажав кога сѐ беше готово. Како што имам изненадено многу луѓе со моите поправки на чевли, овојпат решив да го изненадам мојот татко.

Синко овие ми се најудобните патики што сум ги носел некогаш, подарок ми се од тебе, но по 4 години ги уништив. Со нив работев секаква работа затоа што во нив најудобно се чувствував, ако најдеш каде се продаваат пак земи ми јас ќе ти дадам пари“, ми рече татко ми.

Линк до оргиналната објавата Тука
Извор:Црно Бело

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Врховен одлучи: Таткото на убиената Вања оди во домашен притвор

Врховниот суд на Република Северна Македонија ја уважи жалбата на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, ја укина определената мерка притвор и за обвинетиот определи...

Стојанче: Овојпат ДУИ мора да падне, со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме

По вчерашниот пораз на СДСМ утрово се огласи и Стојанче Ангелов. СЕГА ИЛИ НИКОГАШ! Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ...

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...