6.4 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаНовинарот Фуркан Салиу: Ќе барам од Мијалков да ми купи нови патики!!!

Новинарот Фуркан Салиу: Ќе барам од Мијалков да ми купи нови патики!!!

Полицаец вработен во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, при излегувањето од притвор на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, вечерва туркаше новинари и сниматели, со што ги попречи во вршењето на нивната работа.

Тој во моментот кога Мијалков излегуваше од капијата на затворот, излезе пред него, па со викање и туркање ги тргаше микрофоните на новинарите кои поставуваа прашања.

На реакцијата од страна на новинарските екипи, тој продолжи со своето однесување викајќи: „Тргнете се, тргнете се ајде“, не одговарајќи на прашањата дали навистина е неопходно такво туркање.

Претходно, истиот полицаец, молчеше и дозволи обезбедувањето да го паркира автомобилот на Мијалков веднаш до капијата.

Иако присутните новинарски екипи побараа објаснување зошто ексдиректорот на УБК е привилегиран во тој поглед, полицаецот не одговори.

Тој и неговите колеги молчеа и на прашањата дали на сите затвореници им се дозволува вака да се паркираат кога го напуштаат затворот.
На сета оваа иронија новинарот Фуркан Салиу сепак насмеаа мнугимина со неговата фотографија во која пишува: Од Мијалков ќе барам да ми купи нови патики сега !!!

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...

Традиционално од Света Петка Велгошти, ВМРО ДПМНЕ ја започна парламентарната кампања.

Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Кандидатите за...