14.6 C
Ohrid
вторник, април 16, 2024
ПочетнаМакедонијаСоветниците од ВМРО-ДПМНЕ се предомислиja: Нема да се поништат имињата на улици,...

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ се предомислиja: Нема да се поништат имињата на улици, мостови и плоштади ставени од минатото раководство предводено од ексградоначалникот Петре Шилегов.

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје синоќа се премислија и ја повлекоа вонредната точка да се поништат имињата на улици, мостови и плоштади ставени од минатото раководство предводено од ексградоначалникот Петре Шилегов.

На почетокот на седницата, советничката Марија Андонова од ВМРО-ДПМНЕ рече дека бара да се поништи одлуката, бидејќи имало неправилности и недоречености во одлуката со која се сменија имињата односно на дел од улиците се вратија старите имиња. За барањето на Андоновска, покрај советници од ВМРО-ДПМНЕ гласаа и четири членови на Левица, Алијанса за Албанците и Алтернатива, по што беше ставена како 20 точка на дневен ред.

Кога точката дојде на дневен ред, помошник-раководителот на Секторот за комунални дејност Драги Митковски кажа дека нема ништо спорно во носењето на одлуката за промена на имињата која сега советниците бараат да се поништи со образложение дека имало неправилности.

„Изготвувач на таа точка беше Секторот за комунални работи и усвоена е на 30 март 2021 година и тука нема ништо спорно. Меѓутоа, имајќи го предвид денешниот тек и начинот на предлагање на точката со која се бара поништување на постојната одлука, со цел да истата добие во квалитет, предлагам и замолувам истата да биде преработена и усогласена и како таква да се предложи на некоја наредна седница на Советот“, рече Митковски.

После ова точката беше тргната од дневен ред.

ВМРО-ДПМНЕ БАРА ВО СКОПЈЕ ДА СЕ ВРАТАТ ИМИЊАТА НА УЛИЦИТЕ СТАВЕНИ ВО ВРЕМЕТО НА ГРУЕВСКИ
Во времето на ексградоначалникот Петре Шилегов се сменија имиња на 570 имиња на улици, мостови и плоштади во Скопје, за како што тогаш рече, да се исправи грешката која беше направена од ВМРО-ДПМНЕ кога во Скопје беа избришани имиња кои се битието на градот. Така се вратија старите имиња на Ленинова која во времето на ВМРО-ДПМНЕ стана Аминта Трети, Железничка која беше Јордан Мијалков, а 4 Јули Борис Сарафов. Се вратија имињата и на Мексичка, Каирска, Стив Наумов, Салвадор Аљенде, 29 Ноември, Бихаќка, Владимир Комаров, Руди Чајавец, Жарко Зрењанин, Драчевска, Ратко Митровиќ и други.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Владата заклучи: 24 април (среда) и 8 мај да бидат неработни денови за сите граѓани

На 16. седница, Владата заклучи 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на...

Да бидеме хумани! Апел за помош на Сашо Лазаровски кој по вторпат се бори со рак

Сашо Лазаровски има потреба од нашата помош. Битолчанецот, кој еднаш го победи ракот на белите дробови, сега повторно води тешка борба со оваа опака...

Таравари: Ќе гo забраниме коцкањето и брзите кредити, идната Влада ќе ги покрива долговите на граѓаните од брзи кредити“, рече Таравари

Претседателскиот кандидат Арбен Таравари денеска оствари важна посета на градот Струга, каде се разговараше за различни прашања во заедницата, почнувајќи од здравствените работници до...

Давкова: Денес во Валандово се сретнав со мојот драг колега, Ѓорге Иванов.

Во пријатната атмосфера, денес, во неговиот роден град Валандово, се сретнав со мојот драг колега, Ѓорге Иванов. Имавме можност да поразговаравме за многу...