6.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаВо првата ноќ од новата година во Битола се родија четири новороденчиња

Во првата ноќ од новата година во Битола се родија четири новороденчиња

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТОНИ КОЊАНОВСКИ ВО ПОСЕТА НА ПРВОРОДЕНИТЕ НОВОРОДЕНЧИЊА ВО 2022 ГОДИНА

Во првата ноќ од новата година во Битола се родија четири новороденчиња од кои три во Клиничката болница и едно во приватната болница Плодност. Првороденото бебе е машко чие име е Алексеј, а се роди во Клиничка болница две минути после полноќ. Другите две бебиња родени таму се девојчиња, а новороденото во болницата Плодност е машко дете.
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски при денешната посета на двете болници, на првороденото дете му подари 10.000 денари, а на другите три по 6.000 денари, како и пакет производи неопходни за мајките и новороденчињата во следниот период.


„Нека ни е среќна и бериќетна новата година. Првото бебе е машко. Искрени честитки за мајката, за нејзиното второродено дете, прво во оваа година, честитки и за мајките на другите три дечиња, кои не израдуваа во ова прекрасно јануарско утро. Годината добро почна, се надевам дека така и ќе биде. Наша интенција е како локална самоуправа да помогнеме секаде каде што можеме.
Да си посакаме пред се за младите, подобри услови за живот, за работа во Битола, да останат тука, да имаме што повеќе принови во оваа година. Уште еднаш, искрени честитки до родителите, а до младите: Останете во Битола, Битола има услови за развој“, рече Градоначалникот Тони Коњановски, при денешната посета на првородените во новата година.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...