11.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаОСМАНИ: Јас имам воспоставена комуникација со Франција за средба со највисоките власти

ОСМАНИ: Јас имам воспоставена комуникација со Франција за средба со највисоките власти

spot_imgspot_img

Во втората половина на јануари, по формирањето на Владата во Македонија, ќе биде воспоставена комуникацијата со Франција, како актуелен претседавач на Европската Унија во насока на можностите кои земјава би ги имала за време на француското претседателство за одблокирање на процесот на евроинтеграциите пишува Денешен.мк

Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој одговарајќи на новинарско прашање дали стапил во контакт со официјален Париз во однос на натамошните чекори за можноста за почеток на преговори, нагласи дека таа комуникација веќе постои, но во втората половина на јануари ќе се конкретизира, сега откако Франција го презеде претседавањето со Унијата.

-Во однос на Франција јас веќе имам воспоставена комуникација и барање за посета и средба со највисоките француски власти. Првично беше договорено таа средба да се реализира овие денови, меѓутоа сепак одлучивме дека таа средба треба да се реализира после формирањето на новата влада овде кај нас, односно во втората половина на јануари, кога ќе треба официјално да се воспостави таа комуникација, која што и сега во меѓувреме постои, меѓутоа е потребна за да се утврдат француските планови и позици по однос на нивниот ангажман во овој процес, истакна денеска Османи.

Франција од 1 јануари го презеде претседавањето со Унијата и иако проширувањето изрично не се споменува, сепак за Македонија и Албанија познавачите не исклучуваат напредок во процесот, особено поради тоа што веќе се споменуваше и француска иницијатива за решавање на македонско-бугарскиот спор и тргање на бугарското вето.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Врховен одлучи: Таткото на убиената Вања оди во домашен притвор

Врховниот суд на Република Северна Македонија ја уважи жалбата на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, ја укина определената мерка притвор и за обвинетиот определи...

Стојанче: Овојпат ДУИ мора да падне, со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме

По вчерашниот пораз на СДСМ утрово се огласи и Стојанче Ангелов. СЕГА ИЛИ НИКОГАШ! Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ...

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...