9.4 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаТројца македонски спортисти, меѓу најдобрите на Балканот.

Тројца македонски спортисти, меѓу најдобрите на Балканот.

Дејан Георгиевски, Емил Павлов и Горан Пандев се тројцата македонски спортисти кои се најдоа на листата Најдобри 50 спортисти во регионот за 2021 година. Најдобрите спортисти традиционално ги избира Бугарската новинарска агенција (БТА). За најдобар спортист на Балканот избран српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

Најдобро од сите е пласиран теквондистот Дејан Георгиевски кој освои сребрен медал на Летната олимпијада во Токио. Тој е седумнаесетти на листата, со ист број на бодови како српската одбојкарка Тијана Бошковиќ.

На 24. место е каратист Емил Павлов, кој исто така освои сребрен медал, но на Светското првенство што се одржа во Дубаи. На делба на 31. место е Горан Пандев, кој како капитен ја предводеше Македонија на ЕП 2021.

По Ѓоковиќ, на листата се кошаркарот Јанис Антетокумбо од Грција и атлетичарот Милтаидис Тентоглу. Меѓу најдобрите десет се и Дистрија Красниќи (џудо, Косово), Јована Прековиќ (карате, Србија), Ивет Горанова (карате, Бугарија), Билјана Дудова (борење, Бугарија), Мартин и Валент Синковиќ (веслање, Хрватска), Мете Газоз (стрелање, Турција) и Николета-Анкуца Боднар и Симона Радиш (веслање, Романија).

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...