16.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаУметноста ќе ја победи пандемијата, порачаа новите кумови и здравичарот, Дац, Митевски...

Уметноста ќе ја победи пандемијата, порачаа новите кумови и здравичарот, Дац, Митевски и Цветин

Религијата и науката можат и мора да делуваат заедно, особено во вакви тешки времиња. Оваа година сите тројца, и двајцата кумови и здравичарот, се уметници и хуманисти. Голема чест за мене е што на вакви личности им ја предваам оваа чест. Минатата беше најтешка година во историјата на државата и се надеваме, се молиме да не се повтори, потенцира Пановски.

ttryftygfhhgy
Пишува Тв Нова
Желби за здравје, љубов, насмевки, мир во домот и во семејствата, слога и почитување, упатија од денешната традиционална бадникова прослава поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, новите кумови Драган Спасов – Дац и Александар Митевски, здравичарот Живко Поповски – Цветин, како и минатогодишниот кум д-р Никола Пановски и минатогодишниот здравичар д-р Миодраг Врчаковски.

– Убав е денов, убаво почна и годината, со сонце. Актер, музичар и ликовен уметник, тоа сме ние тројца. Тука сме и искрено се надевам дека пандемијата ќе биде победена од уметноста, изјави Дац откако претходно во Соборниот храм заврши церемонијата по повод осветувањето на бадниковата погача.

Според него, убаво е да си кум на бадникарите кои се прекрасни луѓе и ја одржуваат традицијата.

-Сум бил неколку пати тука, на оваа бина, како пејач, но сега сум тука и како кум. Многу ми е драго што ќе ја продолжиме оваа тадиција со Дац. Ќе гледаме да ја стивнеме короната, да прваиме убави акции и песни. На сите граѓани им поскаувам добро здравје, а бадниковите гранчиња што ќе ги поделиме да донесат мир и спокој, нагласи Митевски.

Пред присутните се обрати и Пановски, напоменувајќи дека најголема чест за него досега е тоа што имал можност да биде кум на манифестацијата.

– Застанв во редот со великаните на моето Скопје кои изминатите години биле кумови или здравичари на оваа манифестација. Се запознав со прекрасни луѓе, од највозрасни кои ја создале манифестцаијата, до културни и воспитани млади луѓе. Минатата година многу граѓани бараа од државата, градот и еснафските здруженија да добијам некаква награда или благодарница за тоа што придонесував со совети за КОВИД-от, а јас има одговарав дека веќе ја добив таа чест со тоа да бидам бадникар, ништо повеќе не ми треба, рече Пановски.

Се докажа, дополни минатогодишниот кум, дека религијата ја цени науката.

-Религијата и науката можат и мора да делуваат заедно, особено во вакви тешки времиња. Оваа година сите тројца, и двајцата кумови и здравичарот, се уметници и хуманисти. Голема чест за мене е што на вакви личности им ја предваам оваа чест. Минатата беше најтешка година во историјата на државата и се надеваме, се молиме да не се повтори, потенцира Пановски.

Според него, Дац и Александар внесоа оптимизам, твореа кога многу нивни сограѓани паднаа во депресија и нивната порака беше јасна – не се предавајте.

-Ова нека биде година на творештво и на будење, подвлече Пановски.

На традиционалната прослава присуствуваше и градоначалничката Данела Арсовска. Таа на кумовите, но и на сите граѓани им посака бериќет и годинава, како што рече, да биде многу подобра од минатата.

-Посакувам здравје, успех, да се сакаме повеќе, благосостојба, но и како што спомна архиепископот, сакањето и почитувањето да бидат одраз на христијанството секој ден од годината. Да бидеме хумани, да помагаме, да си бидеме подадена рака еден на друг, годината да ја поминеме многу подобро од онаа што замина, рече Арсовска.

Церемонијата пред СОборниот храм заврши со песна на Врчаковски.

Знам дека се ова што се случуваше ќе се преточи во стихови и музика, но јас исто така лани направив нешто мое, моја божиќна песна, истакна минатогодишниот здравичар.

Традиционалната прослава на Бадник пред Соборниот храм се одвиваше согласно сите КОВИД протоколи.
Извор: Тв Нова

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пукање пред кафеана во Охрид, приведени две лица!

На 29.03.2024 во 00.15 часот пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа К.Б.(67) и М.П.(37), двајцата од...

Вознемерувачки фотографии од тешката сообраќајна незгода во Кичево во која животот го загубија три лица.

Шило Магазин дојде до ексклузивни фотографии од тешката сообраќајна незгода во која има тројца загинати и неколкумина повредени лица. МВР соопшти дека утрово во 4.50...

Страшна сообраќајка кај Кичево – тројца млади загинаа, неколкумина тешко повредени

Тројца загинати и неколкумина повредени лица е последица на страшната сообраќајна несзгод ашто се случила рано утрово во Кичево, информир аполицијата. МВР соопшти дека утрово...

Излажан Тетовчанец за 11.000 евра: Албанец му ветил дека ќе му отвори фирма во Дубаи, па останал и без пари и без фирма..

57-годишен жител на тетовско село, вчера во 14 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека 58-годишниот М.М. од Република Албанија во текот...