5.6 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаВо ноќните часови на Божиќ никна минаре во скопската населба Злокуќани.

Во ноќните часови на Божиќ никна минаре во скопската населба Злокуќани.

Во ноќните часови на Божиќ никна минаре во скопската населба Злокуќани. Објектот, кој е дивоградба, веќе функционира како џамија, каде се одржуваат верски обреди. Староседелците поголго време реагираат на бесправното градење, бидејќи дивоградба не е само џамијата, туку и многу од куќите наоколу, кои, како што велат, најинтензивно се граделе во време на избори.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски, потврди дека џамијата се гради бесправно и вели дека околу неа има три и пол метарска бетонска ограда и затоа не се гледа од надвор што се гради. Јакимовски објаснува дека ноќта на Божиќ се градело минарето, кое всушност се издигнало над оградата и сега веќе се гледа од секаде.

Градоначалникот тврди дека ја стопирале изградбата. Раководител на општинскиот инспекциски надзор веќе излегол на терен и одговорните се повикани на средба во општината утре наутро.

Од Исламската верска заедница не добивме официјален одговор дали тие стојат зад изградбата на овој верски објект, бидејќи одговорното лице за тој регион бил на пат.

Сител се обиде да добие одговор и од оџата од новата џамија во Злокуќани, но тој не сакаше да разговара со новинари.

Инаку, мештаните не се жалат само за џамијата. Тие веќе подолг период имаат проблеми со новодоселените бидејќи секојдневно пуштале премногу гласна музика. Се жалат и на неподнослива миризба поради тоа што новите соседи, кои во последните неколку години масовно се доселуваат во населбата, често горат пластика, гуми и кабли.

Само во последните две години поднеле над 200 пријави до Полицијата, но решение за проблемот нема. Не сакаат да зборуваат пред камера бидејќи се соочуваат дури и со физички напади од новодојденците.

Ако надлежните не го решат проблемот, најавуваат блокади и протести.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...