17.9 C
Ohrid
вторник, април 16, 2024
ПочетнаUncategorized @mkСветскиот Македонски Конгрес побара од Австралија итно ослободување на Новак Ѓоковиќ

Светскиот Македонски Конгрес побара од Австралија итно ослободување на Новак Ѓоковиќ

Во соопштение за јавноста светскиот македонски конгрес побара од австралиските власти да го ослободат Ѓоковиќ

НОВАК ЃОКОВИЌ Е ЕДИНСТВЕНИОТ ВИСТИНСКИ ПОБЕДНИК НА АВСТРАЛИЈА ОПЕН 2022!
10 јануари 2022 година, Белград, Србија – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) и Светскиот Македонски Конгрес – Србија (СМК-С) упатуваат целосна поддршка на најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ, во намерата за влез во Австралија поради поканата за учество на гренслем-турнирот на Австралија Опен во Мелбурн.
Светскиот Македонски Конгрес – Австралија и Македонската заедница во Австралија целосно го поддржуваат ослободувањето на најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ, во намерата за влез во Австралија поради поканата за учество на гремслем-турнирот на Австралија Опен во Мелбурн.

СМК и СМК-С изразуваат разочарување од австралиската влада која прво му даде виза со медицинско ослободување да дојде во Мелбурн и да учествува на Австралија Опен, за таа одлука да ја поништи откако Новак Ѓоковиќ слета во Мелбурн, со закана за депортација назад во Белград.

СМК и СМК-С бараат ослободување на Новак Ѓоковиќ од емиграцискиот притвор кому е определен само нему од сите учесници од странство на грем-слем турнирот на Австралија Опен!

СМК и СМК-С ја поздравуваат пресудата на Федералниот суд во Викторија, по жалба на Новак Ѓоковиќ за поништување на визата за влез во Австралија, со наредба до австралиската влада: Во рок од 30 минути да го ослободат најдобриот светски тенисер од емиграцискиот притвор, да му се врати пасошот и личните предмети и сите трошоци околу судењето да ги плати Австралија.

СМК и СМК-С најостро ја осудуваат изјавата на бранителот на државата пред Федералниот суд во Викторија, дека министерот за внатрешни работи на Австралија, Карен Ендрјус, најавил дека ќе го искористи дискреционото право самиот да му ја поништи визата на Новак Ѓоковиќ!
И покрај се’, Новак Ѓоковиќ е единствениот вистински победник на Австралија Опен 2022 година, што и да се случи во наредните денови!

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

За една година затворени 14 училишта во Македонија

За една училишна година се затвориле четиринаесет основни училишта, покажуваат бројките кои ги објави Државниот завод за статистика. „Според податоците на Државниот завод за статистика,...

„ДИРЕКТОРОТ НА ТОКСИКОЛОГИЈА СИ ЈА ВРАБОТИЛ СНААТА“: Новинарот Фуркан Салиу со уште еден „упад“ во клиника, овој пат обвинува за непотизам на Токсикологија

Новинарот Фуркан Салиу во уште едно видео за ПорталХ, обвинува дека директорот на Клиниката за Токсикологија си ја вработил снаата. „Директорот заборавил дека ја вработил...

Пендаровски: За мене сите се еднакви во Македонија.

За мене сите се еднакви во Македонија вели претседателот Стево Пендароваки. Денеска во Ранковце си подадовме рака со активистите на ВМРО-ДПМНЕ и на противкандидатката...

Откриен мотивот за нападот во црква во Сиднеј

Австралиската полиција во вторникот соопшти дека нападот со нож врз епископот на асирската црква и некои следбеници во Сиднеј бил терористички акт мотивиран од...