11.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаВези Елези од Тетово бара од градоначалникот Касами нов бољер, бидеќи изгорел...

Вези Елези од Тетово бара од градоначалникот Касами нов бољер, бидеќи изгорел по негова вина.

Вези Елези од Тетово вели дека поради недостиг на вода во градот му се расипал бојлерот, поради што неговото семејство било ставено во опасност.

В понеделник наутро се разбудив да наполнам вода и видов дека бојлерот не пушта вода, бидејќи вода имаме два часа и потоа ја снемува. Потоа пак доаѓа час и пол, потоа еден час, и не можам да знам кога доаѓа, а кога ја снемува. Бојлерот повлекувајќи ја водата прегорел. Повикав мајстор, кој ми рече да го фрлам бидејќи веќе не работи и дека Господ нѐ сочувал, вели Вези Елези.

Неговата поплака му ја пренесе на градоначалникот Биљал Касами преку Фејсбук порака:

-Што велиш, ќе ми купиш нов?Оваа штета е поради водата, сега прегоре…

Но, Елези не добил никаков одговор од градоначалникот.

-Да, му ја пратив фотографијата на г.Биљал, тој ја видел, но не ми врати никаков одговор.

-Што му порача ти?

-Го замолив да го регулира прашањето со водата, бидејќи без вода не може да се направи ништо.

Тетово со недели мака мачи со недостиг на вода, како резултат на дефект на водоводната мрежа во Лешница. Од општината велат дека водоводната мрежа ќе почне да се санира кога ќе се подобрат климатските услови.

извор: ТВ21

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...