10.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаНа градскиот плоштад во Тетово пасат коњи, а „друштво“ им прават кучиња...

На градскиот плоштад во Тетово пасат коњи, а „друштво“ им прават кучиња скитници..

Mногумина жители на Тетово утринава со фотографии на социјалните мрежи ја прикажаа невообичаената слика од градскиот центар каде забележале стадо коњи и глутница улични кучиња. Коњите пасеа од тревата на најголемиот кружен тек во градот пред плоштадот.

Неколкумина ветеринари кои одговорија на прашањата на МИА, велат дека според фотографиите станува збор за коњи кои најверојатно нелегално се чувани од луѓе, бидејќи немаат прикачени микрочипови и најверојатно се користат за носење на дрва и слично.

– Во Тетовско има многу малку коњи кои се одгледуваат. Коњите кои легално се набавуваат и одгледуваат имаат микрочипови и се евидентирани во Ветеринарно-информационен систем (ВИС). Дел од коњите без миркочипови се користат за транспорт на дрва од планините, посочија ветеринарите.

Инаку, во септември 2021 година жителите на Тетово преку видеа сведочеа за појава на коњ што неконтролирано се движеше долж автопатот Тетово – Скопје. Тогаш полицијата го најде сопственикот и му поднесе пријава за кривично дело „предизвикување на општа опасност“ казниво по член 288 од Кривичниот законик.
Извор Зоом.Мк

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...