6.8 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаUncategorized @mkЧичко Стево - Ги молам сите да ми помогнат колку можат да...

Чичко Стево – Ги молам сите да ми помогнат колку можат да го обновиме Манастирот Св Ѓорѓи готов е да се сруши

Ги молам сите да ми помогнат колку можат, раскажа со болка во душата, Стево Петров, домаќин на оштетениот манастир Свети Ѓорѓи во битолско за македонски медиа сервис

Паднати икони, оштетени фрески, пукнатини во фасадата, олтар полн со паднат малтер. Ваква е сликата во манастирот Свети Ѓорѓи во Велушина после серијата земјотреси во овој регион. Тој се наоѓа во непосредна близина на македонско-грчката граница, многу блиску до епицентарот на земјотресите.

Домаќинот на манастирот, Стево Петров, вели дека со збор не се опишува она што го доживеале на 9 јануари вечерта. Тој ден имал гости во манастирот бидејќи му било именден, а откако заминале, заедно со сопругата легнале да одморат.

 

-Наеднаш збучи, згрми, се затресе цел манастир. Почна да паѓа се, нешто страшно беше. Избегавме, не знаевме каде да одиме. Бевме кај камбанаријата, таа уште повеќе се стресеше и се нишаше, после удар за удар, до сабајлето надвор седевме од страв. Свети Ѓорѓи по втор пат ме искуши, на 1 декември ставив стент, ова е уште едно искушение. Добар сум, но стравот постои, раскажува чичко Стево.

Земјотресот направи штета внатре во црквата.

-Во олтарот има оштетени икони, фреските се оштетени, фасадата, камбанаријата е е многу оштетена, не можам да ја бијам дури не се обнови, ќе падне за брзо време, ако дувне некој силен ветер. Во конакот собите се оштетени, сношти од земјотресот падна западниот ѕид од конакот, кај фреската на Свети Ѓорѓи. Уште ќе се распаѓа. Ништо не можам сам да направам, ги молам сите луѓе, верници, кој колку може и со што може да дојде, да помогне. Малку еден кураж да ми дадат, поткрепа, вели чичко Стево и низ солзи и болка во душата вели:

-Се ќе помине, за свети Ѓорѓи отсега ги повикувам сите да дојдат, ќе биде се во ред. Манастирот е мојата душа, тука живеам, тука создавам, ќе се направи, пак да имаме крштевки, венчавки, па дури и покојни, тоа е нормално.

Делумно превземено од ммс целиот текст прочитајте го тука  ММС

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...

Традиционално од Света Петка Велгошти, ВМРО ДПМНЕ ја започна парламентарната кампања.

Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Кандидатите за...